Совети

Грицкањето нокти – опасно по здравје

Ноктите не ги грицкаат само децата –многумина пренесуваат оваа навика и во понатамошните години..Колку е таа опасна и како да се ослободите од неа?

Доколку детето ги грицка ноктите, треба да се разговара со детски психолог. На повеќето деца им помагаат спорт, игри кои вклучуваат многу движења, разни хобија и слично…- правење фигури од пластелин, цртање или плетење.

Кога грицкњето нокти би било непријатно и болно, тогаш луѓето малкју побрзо би се оттргнале од оваа навика. Но, за жал: врвовите на ноктите немаат нервни завршетоци, па затоа и нивното сечење и гризење не предизвикува болка.

Штетна навика

Иако од грицкање нокти досега никој не умрел, оваа навика може да му наштети на здравјето. Размислете и сами што се се крие под ноктите.

  1. Фекална микрофлора

Под ноктите  постои цела колонија бактерии од дебелото црево, ентеробактерии и други бактерии присутни во цревата. Нивниот број расте по секоја посета во тоалет и допирање на ВЦ-школката. Фекалните микроби постојат и на далечинските управувачи, рачките на вратите,компјутерските глувчиња, кои често се користат…При грицкање на ноктите микробите влегуваат во устата, што може да предизвика дијареа.

  • Вируси

По бришењето нос, ракување ил допирање разни јавни површини на рацете се наталожуваат  вируси и бактерии. Лицата што грицкаат нокти многу почесто се заразуваат од вируси.

  • Глисти

Ако во куќата имате мали деца кои се играат со песок, тогаш знајте дека под нивните нокти можат да се кријат јајца од глисти. Тие, преку рацете, влегуваат во цревата, па така целото смејство може да се инфицира со нив.

  • Микроби

Усната шуплина не е стерилна, па така ако одгризок од ноктите остане меѓу забите и непцата, во создадената пукнатина може да се појават микроби и да предизвикаат воспаление- од гингивит до апсцес и уништување на забите.

Борете се со стресот!

Како да се одучите од грицкањето нокти? Пред се, потребно е да се борите со стресот. Легнете си во исто време, одмарајте се, занимавајте се со спорт, или едноставно, одете, најдете си некое хоби.. На некои лица им помагаат јогата или топла бања. Ако не ги грицкате ноктите, туку само кога се кршат, носете со себе турпија или прибор за маникир.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *