Совети

Животни промени што треба да ги направите по 50-тата година

Не пушете, јадете подобро, вежбајте и спијте повеќе-овие совети често се нарекуваат основните на долговечноста , но реалноста е малку посложена.

Постојат неколку важни фактори кои треба да се рагледаат- губење на мускулната маса, согорување на повеќе калории од масти, хормонални промени, здравјето на мзокот и срцето.

Сите овие се под силно влијание на начинот на кој го третирате вашето тело.

Додајте подобра храна во вашата исхрана-отстранете ги лошите прехранбени производи од исхраната. Можеби ќе ви биде потребно повеќе време да создадете здрави навика, но тоа е единствениот начин за одржување на вашето здравје.

Вежбајте малку, но секој ден-подобро 10 минути, но секој ден и пешачете во природа.

Направете тест за нетолеранција на храна- алергиите на храна, нетолеранциите и чуствителноста може да се појават на било која возраст. Ако имате симптоми кои се нови за вас, разговарајте со вашиот доктор за да утврдите дали има храна која треба да ја избегнувате.

Пијте помалку алкохол.

Спијте повеќе.

Јадете храна богата со антиоксиданси-антиоксидантите играат многу голема улога во одржувањето на здравјето како што старееме.

Пливајте- ова е одлична аеробна вежба која исо така е неверојатна за одржување на формата и здравјето на белите дробови.

Заборавете на газираните пијалоци- вештачките засладувачи како аспартамот се уште се полоши од шеќерот.

Додатоците во исхраната треба да се земаат со цел да се детоксифицира телото, и да се снабди со хранливите супстанции кои му недостигаат.

Консумирајте омега -3 масни киселини –масните киселини се препорачуваат на која било возраст, но омега-3 се особено важни за луѓето на 50 години, бидејќи можат да помогнат во подобрување на мозочното и кардиоваскуларно здравје.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *