Совети

Загрејте се со храната

Топлите шалови, џемперите, јакните, капите и ракавиците се задолжителен дел од зимската облека, но освен што со користење на различна облека може да се загреете од надвор- температурата на телото може да се покачи и со одредени видови на храна. ДОколку го послушате својот органиам, ќе приметите дека ви се намалува апетитот за лесните и ладните, таканаречени диетални јадења, а ви се  зголемува апетитот за јака, зачинета, солена и лута храна. Освен тоа постојат и прехранбени производи на чија употреба обично забораваме, па еве можност да се подсетиме која храна е коирсна во овој период од годината.

Јадете елда-што е можно почесто!

Многу малку од нашето население го користи овој лековит и хранлив производ, кој често се вбројува во групата на житарки, иако е дел од семејство на зелен лиснат зеленчук. Освен што го загрева телото, елдата е богата со витамини од  групата  Б  и витамин П, кој ги штити крвните садови. Елдата помага во лекување на заболувања на крвотокот, проширени вени, исспукани капилари, но и многу други заболувања и тегоби. Од неа може да се направат прилози за главни јадења, каши чорби, колачи, а од нејзиното брашно лебови, пити и други пецива.

Грицкајте бадеми

Ова јаткасто овошје е многу здраво, содржи масти кои се корисни за нашиот организам и прилично е калорично , а благодарение на тоа влијае и на покачување на телесната темепратура. И магнезиумот, со кој обилуваат бадемите, го поттикнува загревањето бидејќи ја подобрува циркулацијата. Сувите кајсии, смокви, грозје и сливи спаѓаат во висококалорична храна, па како такви се препорачуваат за зимските месеци бидејќи обезбедуваат доплонителна енергија во борбата со студот. Со оглед на тоа што овој извор на енергија многу брзо стигнува во крвототкот, особено се препорачува на спортистите по напорен тренинг.

И кокосовото масло грее

Збогатете ја зимската исхрана со ова корисно многу вкусно масло.Кокосовото масло се состои од среден ланец на масни киселини за кои се знае дека имаат термоген ефект, т.е способност да загреваат. Притоа, средниот ланец на масни кислеини од цревата доаѓаат директно во црниот дроб, каде се конвертираат во енергија, а не кружат во форма на масти во крвотокот, како што е случај со поголем дел од прехранбените масти.

Интегрални житарки

Интегрален ориз, овес, просо и рж се житарки кои изобилуваат со енергија и протеини, па со самото тоа помагаат во зголемување на телесна темепратура, Стручњаците особено го истакнуваат значењето на овесот, бидејќи тој спаѓа во житарки кои најмногу изобилуваат со липиди, состојки кои ја зголемуваат отпорноста на студ бидејќи лесно се претвараат во енергија. Најдобро е житарките да ги користите за појадок, како погонско гориво ќе ве грее во текот на денот и ќе ви даде многу енергија и добро располжение.Освен тоа, биберот, лутата пиперка, ренот, кромидот и лукот, ѓумбирот и сенфот се вистински зимски зачини  бидејќи ја забрзуваат циркулацијата и се борат против студот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *