Совети

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Зелениот чај е неверојатен извор на здравје и постојат многубројни истражувања кои го докажале тоа.Тој одсекогаш беше и ќе остане најпопуларен чај. Некои го користат за диета, некои за имунитет, но за што се е добар всушност зелениот чај?

Зелениот чај е познат по тоа што го намалува холестеролот и со тоа се балансира неговото ниво во крвта.

-Докажано е дека зелениот чај содржи корисни полифеноли, кои се многу јаки антиоксиданси кои го зајакнуваат имунолошкиот систем ,кои помагаат во борбата против ракот (го намалуваат дејството на ензимите кои овозможуваат канцерогените клетки да се населуваат во организмот и со тоа ги намалува шансите за заболување од рак.

-Спречува да се создаваат масни наслаги во телото и го забрзува метаболизмот. На овој начин тој помага при губењето на килограмите и одржување на линијата.

-Има термогено дејство

-Го подобрува исфрлањето на вишок течности од организмот

-Има антиоксидантно дејство врз телесните ткива

-Спречува мозочен и срцев удар

-Го заштитува црниот дроб.Зелениот чај има способност да го заштити црниот дроб од токсини како алкохолот и од хемикалиите што ги има во чадот од цигарите.

-Спречува појавување на камен во бубрезите. Околу 5% од светската популација страда од камен во бубрезите, а зелениот чај ни овозможува на природен начин да се бориме против оваа болест.

-Доколку редовно го конзумирате или ја перете усната шуплина со него, тој спречува појава на кариес и ги штити непцата и грлото (во студија, во која учествувале 940 мажи, било докажано дека оние мажи кои пиеле зелен чај имале појаки и поздрави забни непца)

-Ја намалува појавата на тромбоза, односно ја спречува аглутинацијата на крвните плочки – тромбоцитите.

Зелениот чај содржи кофеин и консумирањето во поголеми количини може да предизвика проблеми со спиењето. Ако досега не сте пиеле зелен чај, најдобро е да започнете со една чаша дневно.

Најдобро е да се консумира до 4-5 чаши дневно, иако кинезите и многу експерти советуваат дека е корисно да се пијат и 10 чаши дневно.

Др-Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *