Мајки и Деца Совети

Како да се заштитите од досадните комарци?

Времето е одлично за релаксирање во природа, но комарците често знаат да не одвратат од наште намери за престој на отворено.Можете да се заштитите од овие мали напасти со помош на различни спрејови, креми и алки.

За заштита од комарци можете да користете различни етерични масла како:

  • Масло од цимет;
  • Масло од лимонски еукалиптус;
  • Рицинусово масло;
  • Масло од лимонска трева;
  • Масло од рузмарин;
  • Масло од лаванда;

Можете да ги кристите наведените етерични масла за заштита од комарци помешани со маслиново масло и да нанесувате нови слоеви на секои 2 часа. Доколку се одлучите зда купите спреј за таа намена внимавајте производот да содржи барем две од наведените масла.

Што ги привлекува комарците?

Темна облека

Темната облека ги привлекува комарците, затоа избегнувајте да облекувате парчиња облека со јаки темни бои.Никогаш не се сместувајте во близина на дрвја со темни листови.

Млечна киселина

Млечната киселина се ослободува од телото при вежбање или по косумирање на одредени намирници (како на пример, солена храна).Млечната киселина е магнет за комарци.

Цветни и овошни мириси

Цветните и овошните мириси ги привлекуваат комарците, затоа избегнувајте парфеми, креми за лице и тело, шампони, лакови за коса, креми за сончање кои содржат силни мириси.

Температура на кожата

Различните видови на комарци сакаат различна температура на кожата.Но по правило ладната температура на телото е привлечна за комарците.

Влага

Комарците обожаваат влага. Мала количина на вода  како влажно цвеќе или мала бара вода ги привлекува комарците.Застоената вода е место за размножување на комарците. Имајте на ум дека комарците ги привлекува и минимална влага на вашето тело.

Во светот постојат повеќе од 3000 видови на комарци.Различните видови на комарци користат различни техники за пронаоѓање на храна. Никој не е имун на напади од комарци, тие ги напаѓаат и животните, птиците и жабите. Се прилагодуваат на сите видови клима, можат да се сретнат како на тропските предели така и на арктичките краеви.

Комарците пренесуваат различни болести и вируси кои можат да бидат и смртоносни.Такви се вирусот зика, западнонилска треска, жолта треска, маларија и вирусот чикунгунија.

Користете органски производи за заштита од комарци. Доколку не сакате да се мачкате со слоеви спрејови и креми за заштита од комарци користете алки за истата намена.Алките исто така овозможуваат заштита од комарци, но треба да внимавате да не ги топите во вода, не е препорачливо да спиете со нив, а имаат дејство до 30 денови.Алките се идеални за деца над 30 месеци.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin