Мајки и Деца Совети

Најчести дилеми во врска со вашето бебе

Колку често и со што требе да го капете вашето бебе?

Препорака е бебето да се капе двапати неделно, со тоа што одредени делови од телото (гзето, лицето, ушните школки и делот зад нив, делот под вратот и пазувите и кај ципите) се бришат со мокра пелена или газа неколку пати во денот.

Температурата на водата за капење треба да биде 36-37 степени, во која ќе додадете бадемово или малсиново масло, но не го задржувате повеќе од 5 минути.

Идеални лосиони за капење се pH- неутралните или благо кисели, како и купки што не ги иритираат очите. Не тријте му ја кожата на бебето, а пената од телото само исплакнете ја со чиста ввода.

Косата мијте му ја еднаш неделно со хипоалерген шампон.

Ако вашето бебе е склоно кон егзема или има алергсики дерматитис, користете препарати што ви ги препорачал педијатарот.

Треба ли да го разбудите бебето за оброк?

Секое дете е приказна за себе и затоа нема универзален прирачник кој може да даде одговор на ова прашање.

Одговорот зависи од породилната маса на бебето, неговата општа здравствена состојба, количината на оброкот што го добива во едно доење или со едно шишенце, дали му давате вода помеѓу оброците…

Важно е да с енагласи дека н етреба да го храните вашето бебе во кратки интервали, т.е секогаш кога ќе заплаче ( на половина час или еден час).

Широк повој- Да или Не?

Повивањето со широк повој е напуштено што не е докажано дека вродените аномалии се решаваат на тој начин.

Од ултразвучниот преглед на колкчињата лекарот ќе процени дали има потреба да го оденсете бебето на ортопед.

Колку месечно бебето треба да напредува?

Колку бебето треба да напредува месечно зависи од неговата породилна маса и од општата состојба.

Сепак, просечното напредување во првите месеци треба да изнесува од 750 до 1200 грама.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *