Совети

Осум совети за среќа

Постојат многу совети и психолошки методи за тоа како да постигнете чувство на среќа и да се радувате на секој нов ден.Ние ви нудиме неколку совети од невробиолог за тоа како да бидете среќни според функционирањето на мозокот.

Научете да кажете “благодарам“

Што се случува во нашиот мозок?-кога му се збалагодаруваме на наекого или на судбината за нешто, тогаш се фокусираме на позитивната страна на животот.

Убавите спомени и чувството на благодарност предизвикуваат лачење на серотонин во предниот дел на кората на големиот мозок.Овој метод се користи за лечење на депресијата.

Решавајте ги проблемите еден по еден

Што се случува во нашиот мозок?—мозокотот постојано бара решение за секој проблем кои ни создава главоболки. На тој начин троши многу енергија при што предизвикува чувство на нервоза и раздразливост бидејќи мозокот веќе е уморен, а решение на проблемите и понатаму нема.

Со секое решавање на проблемите се зголемува процентот на неуротрансмитери кои го смируваат лимбичкиот систем  што ни помага повторно да го видеме светот во најдоброто негово изнание.Затоа најдобро е да ги решаваме проблемите еден по еден.

Зборувајте за лошите работи кои Ви се случуваат

Што се случува во нашиот мозок?-кога ќе видиме нешто непријатно и кога збориме за тоа што не ни се допаѓа се активираат различни делови од мозокот.

Непријатните емоции влијаат врз човекот, затоа е корисно да зборувате за се што ви создава грижи. Во тој случај мозокот ќе почне да лачи серотонин, ќе извлечите нешто позитивно од секоја непријатност.

Прегрнете некого

Што се случува во мозокот?-човекот е социјално суштество. Социјалната поддршка, посебно допирот и прегратката помагаат човекот побрзо да задзрави од болест.

Ако такталната комуникација се острани од животот, мозокот тоа ќе го разбере како физичка болка, бидејќи истите зони се одговорни за тоа. Како резултат на тоа, ќе бидат активирани процеси кои влијаат на расположението и предизвикуваат појава на депресија.

Постојано учите нешто ново

Што се случува во мозокот?-новите информации за мозокот преставуваат постојана промена на средината. Мозокот се труди да се адаптира, да се развие и да се награди со допамин, хормон на среќата, за да ги добие и процесира новите информации.

Доколку сакате да бидете среќни, немојте да се плашите да научите нешто ново, да ја менувате околината и да учите она што не го знаете.

Спортувајте

Што се случува?-физичкиот напор е стрес за телото.Штом ќе заврши физичкиот напор се излачува ендофин. Тој се лачи од хипофизата како награда и е сличен на опијати( како морфиум), кои ја намалуваат болката и го подигнуваат расположението.

Не е потребно да трчате маратон, дури и обичната прошетка може да направи чуда.Многу писатели и композитори, прошетката ја сметаа за задолжителен услов за креативен процес.

Добар сон

Што се случува?- додека спиеме во мрак се лачи хормонот мелатонин кој  ги успорува сите процеси во организмот, му помага да се регенерира и го подигнува нивото на серотонин во хипоталмусот.

Ако мозокот почувствува светлина ќе поче да го лачи хормонот стрес и телото ќе се разбуди . Затоа е важно да спиете по 6-8  часа во текот на денот, исклучливо во темна просторија.

Постојано бидете во исчекување на нешто позитивно

Што се случува?-процесот на исчекување на задоволство, на пример храна или секс, е сличен на рефлексот за лачење плунката кој го открил Павлов. Нашиот мозок чувствува големо задоволство кога предчувствува дека ќе се случи нешто пријатно.

Затоа ние сакаме да ги броиме часовите и минутите до некој посебен момент-роденден, свадба, средба со пријателите или едноставно крај на работниот ден.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin