Мајки и Деца Совети

Прва помош за стомачен вирус

Летниот период расте бројот на зболени од стомачен вирус, а на удар се децата.  Стомачниот вирус може да се јави како резултат на различни типови на вируси и бактерии. При стомачен вирус се појавува воспаление на гастроинтестиналниот тракт (стомакот и тенкото црево).

Најчести симптоми на стомачниот вирус се повраќање и дијареа.  Кај некои лица се појавува само дијареа без повраќање. Фазата на повраќање обично трае само 1-3 дена, додека дијареата може да продолжи и до 1-2 недели.  Исто така можат да се појават главоболка, треска и абдомална болка.  Во многу ретки случаи стомачниот вирус може да предизвика и посериозни компликации .

Стомачниот вирус се добива преку загадена вода, храна, предмет или лице.

Најчести вируси кои предизвикуваат стомачен вирус се:рота вирусот, адено вирусот и астро вирусот.

Рота вирусот се појавува кај децата, трае околу 48 часа и обично се карактеризира со поизразени симптоми во споредба со стомачните вируси предизвикани од другите типови на вируси.

Адено вирусот има најдолг период на инкубација од најмалку 1 недела.  Може да предизвика сериозно заболување бидејќи дијареата може да трае и две недели.

Ентеро вирусот има продолжено дејство, првите симптоми на болеста се температура и повраќање, а ден покасно се појавува дијареа и абдомална болка.  Неколку дена подоцна се јавува кашлица, воспалено грло и течење на носот.

Причина за стомачен вирус можат да бидат и бактериите кои се пренесуваат преку контаминирана храна и вода.  Такви бактерии се ешерихија коли, салмонела и шигела. Овие бактерии најчесто се размножуваат кога храната е оставена на собна температура.  Дијареата која се јавува при патување е исто резултат на храна и вода загадени со бактерии.

Лекувањето на стомачниот вирус кај полесните случаи вклучува консумирање на повеќе течности, електролити, пробиотици и витамини.

При дијареа или повраќање детето може да изгуби голема количина на соли и вода и како резултат на тоа многу брзо да дехидрира.

Доколку вашето дете заболи од стомачен вирус користете го сирупот на Special KID REHYDRATION кој е наменет за рехидрација, односно надоместување на течности, електролити и шеќер при состојби на дехидрација кај децата.

Овој сируп содржи: цинк, натриум, калиум, магнезиум и декстроза( најпроста форма на јаглеродни хидрати, која веднаш се апсорбира и искористува во организмот).

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin