Совети

ПРИРОДЕН ЛЕК ЗА СМИРУВАЊЕ НА КАШЛИЦА

Еден од најпознатите природни лекови кои веднаш ја смируваат кашлицата е всушност домашно приготвениот чај од кромид.Основната функција на кромидот не е тоа што ја смирува кашлицата ,туку благодарение на гликозидите и танините кои ги содржи,сувата кашлица ја претвора во продуктивна и на тој начин го поттикнува искашлувањето на секретот,а со тоа и чистењето на белите дробови. Овој лек против кашлање е еден од најстарите проверени природни лекови на нашите простори.

КАКО ДА ПОДГОТВИТЕ ЧАЈ ОД КРОМИД?

Потребни ви се неколку главички кромид и две до три лажички мед .

 1.Кромидот  заедно со лушпата добро исплакнете ги, а потоа секоја главичка посебно исечете ја на 4 еднакви дела

2. Савете го кромидот  во  еден литар вода и оставете да се вари сè додека една третина од водата не испари

3.Најпосле  кромидот отстранете го од течноста,додадете малку мед и чајот е готов

Така подготвен чајот се пие неколку пати во текот на денот.

Др. Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *