Совети

Совети за спокојна и лека ноќ

Мислете на убави нешта. Луѓето кои си замислуваат сончев пејсаж, прекрасна зелена градина или си споменуваат нешто убаво заспиваат 20 минути порано од оние кои бројат овци. Читањето релаксирачки книги влијае на брзината на заспивање.

Испијте чаша топло млеко. Ова е лек од времето на нашите баби, Испијте една чаша топло свежо млеко, без да додавате шеќери во него, и легнете си во постела. Благодарение на аминикиселините во млекото, кои делуваат смирувачки на организмот , брзо ќе заспиете.

Намалете ја напнатоста. Будењето рано, честопати се должи на насобраниот стрес, на нервната напнатост, па дури и на депресијата. Редовната физичка активност која ви причинува задоволство и која ќе ја практикувате до три пати во неделата ќе ви помогне да се опуштите и да спиете помирно и подолго. Брзото одење и прошетките во природа го даваат истиот ефект.

Проверете си ја перницата. Идеалниот модел на перница ги поддржува главата и рбетот во удобна позиција и ги чува од болки и искривувања. Уверете се дека главата не ви оди многу назад или пак не е претерано  високо поставена, па ако е потребно сменете ја перницата.

Природни препарати. На пазарот постојат многу додатоци, чаеви или други состојки кои на природен начин ќе ви помогнат да ја надминете несоницата. Камилица, глог, лаванда, маточина, валеријана.. Најдете си комбинација која Вам ќе ви одговара.

Избенгувајте одредени напитоци. Киселите сокови на база на домати, цитрусни овошја или ананас може да ги надразнат ѕидовите на мочниот меур кои можат да предизвикаат спазми кои ќе ви го расипат сонот.

Рацете и нозете да ви се топли. Ако температурата на телото треба да се намали за да заспиете во убав сон, рацете и нозете треба да останат топли, инаку постои ризик да се разбудите во ткот на ноќта.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *