Храна

Аларм дека не јадете доволно протеини

Белковините или протеините се многу важни за нашиот организам.Тие представуваат главен градежен материјал за нашето тело и вклучени се во речиси сите биохемиски процеси на клетките.

На пример, учествуваат во создавањето на хемоглобин кој го пренесува кислородот во телото , во градење и обноза на мускулиното ткиво, во растот на ноктите и косата, и во здравјето на кожата.

Протеините се составени од различните  комбинации на вкупно 20 амино киселини, од кои се 8 есенцијални, што значи дека нашиот организам не може да ги произведе, туку мора да ги внесеме преку храна.

Протеините се наоѓаат во речиси секоја храна , освен во рафинираниот шеќер и во мастите. Храната од животинско потекло, како месо, риба, јајца, млеко, јогурт и сирење е најдобар извор на протеини. Растителни протеини се наоѓаат во мешункастите растенија, како грав, грашок, леблебија, боранија, леќа, житарки, зелениот лиснат зеленчук и во хељдата.

Просечниот човек дневно има потреба од 1-1,15 гр протеин на килограм телесна маса.Ако се прашувате да ли внесувате доволно протеини, обрнете внимание на овие знаци, кои укажуваат дека организмот нема доволно.

Чувство на слабост

Протеините се клучни во структурата на мускулите, па со недоволно внесување на протеините, мускулите со тек на времето ќе слабеат.

Чувство на умор

Рамнотежата на шеќерот во крвта е важна за концентрација, па со недостаток на протеини имате чувство дека не можете нормално да функционирате.Секако,на мозокот му требаат протеините за добро да се чувствува.Ако постојано барате решение во јагленохидратите како што се печива или бисквити, моментално ќе добиете енергија, но потоа пак ќе дојде до пад на енергијата со чувство дека не можете да се фокусирате.

Често разболување

Без доволно протеини ,немате ни добар имунитет! Затоа, ако забележувате или ве фаќаат вирози за разлика од другите луѓе, а инаку немате проблем со здравјетп, можеби станува збор за недостаток на протеини во вашето тело.

Паѓање на коса

Протеините се клучни за сите клетки во телото, вклучувајќи ги и фоликулите на влакното на косата. Силните фоликули ќе ја држат косата на глава, без разлика на чешлањето на коса, затегнување со стегач.. Но ако Вам хронично ви недостасуваат протеини, ќе забележите постојано паѓање на косата и потенко влакно.

Нагласена потреба за благо

Еден од првите знаци за недоволен внес на протеини е дека постојано вио се јаде благо и никогаш не се чувствувате доволно сити. Се прашувате, како тогаш немам желба за месо и јајца? Една од главните функции на протеинот е да го одржува нивото на шеќерот во крвта , па кога не внесуваме доволно доаѓа до пад на глукозата и желба за нешто слатко веднаш се јавува.

Тоа веројатно го објаснува и фактот дека многу вегетаријанци ( ако не внимаат на доволен внес на ппротеини од животинско потекло) имаат нагласена потреба за чоколадо. Ако за појадок изедете само житарки со млеко, можеби ќе добиете енергија веднаш, но брзо ќе огладните.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin