Витамини и Суплементи

ВИТАМИН Д

Витаминот Д припаѓа во групата витамини кои се растворливи во масти.

Витаминот Д се создава по природен пат во човечкото тело, кога тоа е изложено на сонце. Поради тоа, познат е и како “сончевиот” витамин.

Двете најважни форми се витамин Д2 (или ergocalciferol) и витамин Д3 (или cholecalciferol).

На сите ни е познато дека витаминот Д е особено важен за коските.

Тој исто така е многу важен за метаболизмот на калциум и фосфор, што ја промовира ресорпција на овие минерали од цревата и овозможува нивно складирање во коските. Потребен е за правилен раст на коските и забите и за доброто на мускулите и нервните ткива.

ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕДОСТИГ НА ВИТАМИН Д

Недостатокот на витамин Д предизвикува демирилизација на коските, во која кај децата се манифестира како рахитис, и кај возрасните, како остеомалација. За третман на рахитисотсе користити масло од витамин Д, кој се прима орално или интрамусулатурно.

КОЛКУ СЕ ПРЕПОРАЧАНИТЕ ДНЕВНИ ДОЗИ ЗА ВНЕС НА ВИТАМИН Д?

Експертите препорачуваат дневно да се внесуваат 5-15µg витамин Д. Многу истражувања покажуваат дека со консумирање на 20µg дневно, се намалува ризикот од остеопороза.

Најголем дел од експертите сметаат дека дневното внесување на вкупно 25-50µg витамин Д, од различни извори (сонце, исхрана, додатоци во исхраната) е идеално за зачувување на добро здравје.

ХРАНА БОГАТА СО ВИТАМИН Д

Витаминот Д во најголема концентрација го има во рибиното масло и месо, но е присутен  и во јајцата, млекото, млечните производи и путер.

Др. Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *