Совети Храна

ВКУСЕН РЕЦЕПТ КОЈ ЌЕ ВИ ПОМОГНЕ ВО НАМАЛУВАЊЕ НА ГЛАВОБОЛКАТА

Главоболката денеска е се почеста состојба кај нас луѓето која може да се јави поради безброј причини,најразлични заболувања,инфекции,но најчесто се јавува поради брзиот и стресен начин на живот,умор,нередовна исхрана и тн.

Доколку не сакате при секоја главоболка да земате лекови,природата ни нуди одлично решение за нејзино намалување,па поради тоа тука ни се овошјето и зеленчукот кои најголемиот извор на витамин Ц.Витаминот Ц кој особено многу го има во овошјето е најважниот природен антихистаминик и е одлично решение во намалувањето на главоболката.Тој го блокира излачувањето на протеините од зидовите на крвните садови кои го предизвикуваат настанувањето на воспалението.

Ние ви нудиме одличен и вкусен рецепт кој ќе ви помогне во решавањето на оваа состојба.

Потребни ви се:

2 портокали

-2 кисели јаболки

-1 голема лажици мед

-1/2 чаша кисела павлака

-1голема лажица кокосови трошки

-200 мл. вода

Сето тоа измешајте го ,ставете го во блендер за смесата да се соедини и подгответе вкусен и здрав напиток,кој веднаш ќе ве освежи.

Доколку болката е интензивна и силна тогаш неопходно е да земете аналгетик,но ако и  тој не ви помогне најдобро е да се обратите на лекар.



Др. Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *