Совети Храна

ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ОРГАНИЗМОТ

Детоксикацијата претставува чистење на организмот од многубројните штетни материи кои постојано ги внесуваме преку исхраната,загадениот воздух,тутунот,алкохолот.

Еден од начините да го прочистите организмот од токсини е постепено да почнете да ја намалувате количната на шеќери што ја консумирате.

Исфрлањето на токсините се постигнува со процесот на детоксикација во која учествуваат 5 органи: бубрезите, црниот дроб, цревата, белите дробови и лимфната жлезда. На тој процес му претходи период на припрема на организмот кога треба да се јаде се помалку масна храна, месо, компир и слатки, а да се пие што е можно повеќе течности.

ДЕЛОТВОРЕН НАПИТОК ЗА БРЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА

Овој едноставен рецепт  е доста вкусен и може бргу да се направи.

Потребно ви е:

-3 литри вода

-1/2 краставица

-2 лимона

-10-12 ливчиња свежо нане

Сите овие состојки искомбинирајте ги и ставете ги со водата во еден стаклен сад и оставете да отстојат во текот на ноќта.

Целта на детокс напитокот е да помогне да се подобри делотворноста на тие органи и да помогне за заштита на самите органи како и за нивно опоравување од постојаната употреба.

Др-Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *