Мајки и Деца Храна

Дохрана на бебињата за време на летување

Започнаа летните одмори, а патувањето со мали деца е предизвик  за секој родител.При патувањето треба да се организира секој сигмент. Мајките имаат дополнителе притисок при обезбедување на здрава и квалитетна храна за децата.

Голем дел од денешните мајки се одлучуваат за подготовка на домашни каши како дохрана на своите најмали, но има ситуации кои бараат различен пристап. Домашните кашички кои најчесто не се соодветно обработени се наменети за моментална употреба.Овошните кашички многу брзо оксидираат доколку не се вакумирани, па се несоодветни за употреба на долг рок.

Високите температури, брзата оксидација на храната и товарот од дополнителна опрема како блендери за каши ги тераат мајките да се одлучат да користат готови кашички.

При купување на кашички за вашите најмили внимавајте на следните работи:

  • Внимавајте на информациите за произведителот, проверете ги спецификациите на производот за да видете дали се работи за храна со органско потекло
  • Внимавајте дали производот е произведен со Demeter квалитет, кој гарантира дека ги исполнува највисоките правни, безбедносни и нутритивни вредности.
  • Видете дали има ознака дека производите се произведени од биодинамично земјоделство.
  • Одберете кашички кои се лесни за јадење, имајте ги во предвид високите температури и мачнините кои се јавуваат поради промена на климата и патувањето.
  • Одберете производи на кои е назначено дека се тестирани и контролирани. Тоа значи дека секоја храна што се подготвува постојано се проверува за да се гарантира дека ги исполнува највисоките стандарди.
  • Внимавајте на рокот на употреба означен на пакувањето и фрлете го остатокот која нема да се изеде доколку немата опција веднаш да го ставите во замрзнувач.
  • Не воведувајте нови вкусови за време на летниот одмор за да избегнете несакани реакции

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin