Храна

Запознајте ги сите страни на кокосот

Вредноста на кокосот како повеќенаменски продукт  е препозната уште одамна и тоа многу пред сегашната планетарна популарност на ова овошје. Според нутриционистите, кокосовиот орев обезбедува храна и вода, а влакната може да се користат во изработка на јажиња, а цврстата овивка за огрев. Ова се информации што ви се потребни за секој ден да го добиете она најдоброто  што кокосот го нуди.

Кокосовата вода се добива  од недореан кокосв орев. Поради високиот процент на диетални влакна, претставува сојузник во регулирање на нормалната дигестија, има одлично влијание на кожата и позитивно делува на нормализирање на крвниот притисок.Неверојатен извор е на калиум, има ниска калориска вредност и е одличен за хидратација.  Кокосовата вода се користи секој ден, добро оладена. Претставува замена за изотонични напитоци посебно по интензивна физичка активност.

Кокосово млеко се добива со традиционално и внимателно обрабоување на кокосови ореви без дополнителни состојки. Се користи бидејќи е богато со минерали, витамини и влакна кои позитивно влијаат на мунитетот како и на здравјето на кожата и на косата. Идеално е за подготовка на егзотични јадења, коктели ,колачи и други десерти.Одличен е и како додаток во утринското смути.

Кокосовото масло се добива со екстракција од излупен и сушен кокосов орев. Придонесува во регулирање  на работата на органите за варење, има помалку калории од останатите масла и брзо се претвара во енергија, односно побрзо се троши. Богато е со заситени масти и се препорачува умерено користење. За појадок во омилените житарки измешајте една лаѓица кокосовото масло, а за ручек или вечера на кокосовото масло можете да го испржите омилениот свеж зеленчукили парче омилено месо.Кокосов шеќер се добива од кокосовиот цвет. Има низок ггликениски индекс, богат е со калиум, магнезиум и цинк. Содржи помалку фруктоза (тип на шеќер што нашето тело го претвара во масни клетки) во споредба со обичниот шеќер. Вкусот потсетува на карамела и дава поинаков потпис на јадењата или пак во кафето или чајот. Инаку, е традиционална сосотојка на азијската кујна и може да се користи како додаток во преливите за салата и јадњата од вог тава.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin