Дигестивен систем Совети Храна

КАКВА ИСХРАНА ТРЕБА ДА КОНЗУМИРАТЕ ДОКОЛКУ ИМАТЕ ЧИР НА ЖЕЛУДНИК?

Чир на желудникот или познат како пептичен улкус претставува оштетување на гастроинтестиналната слузокожа како резултат на зголеменото лачење на хлороводородната киселина и пепсинот кои ги оштетуваат зидовите на желудникот или дуоденумот.

ПРИЧИНИ КОИ ЈА ФАВОРИЗИРААТ ПОЈАВАТА НА ЧИР НА ЖЕЛУДНИКОТ

1.Генетски фактори и фактори кои се во врска со животната средина

2.Стрес

3.Употреба на алкохол и зачинета храна

4.Инфекција со Хеликобактер пилори

5.Употреба на аналгетици кои ја оштетуваат гастроинтестиналната слузокожа како и употреба на друг вид на лекови кои придонесуваат во пептичното оштетување.

СИМПТОМИ

1.Болка во горниот дел на стомакот која се манифестира во вид на печење и жарење,придружена со притисок и подуеност на стомакот по внесување на храна.

Таа трае од неколку минути до неколку часови и се појавува во период од неколку денови или седмици.Често пати болката е придружена со подждригнување и се шири ретростернално.

2.Чуство на ситост

3.Мачнина и повраќање

4.Присуство на киселини во желудникот

5.Намален апетит

6.Темна столица

КАКОВ  ВИД НА ИСХРАНА ТРЕБА ДА КОРИСТИТЕ ПРИ ОВАА СОСТОЈБА?

При проблеми со чир на желудникот  може да консумирате здрава храна од сите категории. Јадете овошје, зеленчук, житарици во цело зрно и млечни производи со малку масти или без масти. Може да консумирате интегрален леб, тестенини и кафеав ориз. При изборот на месо се препорачува чисто месо (без масти), месо од живина (пилешко и мисиркино), риба, а исто може да се консумира јајца, јаткасти плодови и грав. Планот за исхрана во себе содржи храна која што има мала количина на нездрави масти, сол и додаден шеќер. Од маслата се препорачува да користите маслиново масло кое е доста вкусно и здраво.

Др. Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *