Храна

Како готвењето влијае на лековити состојки на КУКРКУМАТА

Куркумата е еден од најмоќните природни лекови- во Индија се користи веќе илјадници години и како зачин и како природна  терапија за многу заболувања. Бројни истражувања покажале дека овој ароматичен зачин помага во лекување на цревните воспалителни болести,кардиоваскуларните тегоби, депресија, а благотворно делува и на кожата.Освен тоа, се користи како природен антибиотик и лек против болки.

За да максимално се искористат сите придобивки од куркумата, морате да научите правилно да ја употребувате. Со загревање се менуваат нејзините хранливи вредности. Една неодамнешна студија утврдила дека кукркумата, кога се загрева меѓу 15 и 30 минути-губи околу 85% од куркуминот, својата главна состојка, додека друга студија покажала дека со варење или печење нивото на антиоксиданти расте за над 50%. Со загревање на куркуминот се ослободува ванилин, ферулинска киселина  и 4-винилфенол, антиоксиданти кои имаат антиинфламаторно дејство и не се достапни во свежа форма.

За да комплемтно се искористат придобивките од антиоксидантите и антиканцерогените својства на овој зачин, истиот треба да се користи како редовен додаток во готвењето. Куркумата може да се додаде во јадењето пред крајот  на готвењето , со цел да се изгуни што е можно помалце куркумин, но и доволво да се загрее да се ослободат антиоксидантите. Овој зачин во комбинација со масло, бибер и други зачини може да да се користи за маринада на месо за скара- на тој начин се спречува форрмирање на канцерогени соединениа.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin