Храна

Калиум- пријател и чувар на срцето

Истражувањата покажале дека со консумирање на храна што содржи калиум, како што се лисест зеленчук, банани, домат, компир, соја, кајсија, авокадо, немасен јогурт, сок од сливи, грав и грашок, може да се намали ризикот од појава на мозочен удар и заболување на коронарните артерии.

Каде се има калиум?

Сушена кајсија

Кајсијата помага при суво грло, замор, тешкотии при концентрација и го забрзува разградувањето на клетките. Влакната од кајсијата ги регулираат работата на цревата и крвниот притисок. Некои испитувања упатуваат дека кајсијата ја помага работата на мозокот и дека е важна за интелектуалната работа. Дејството на фолната киселина, како и висока содржина на кобалт и бакар ја прави сушената кајсија идеално суво овошје за анемичните лица. Сушената кајсија е богата со енергија и јагленохидрати, има три пати повеќе протеини, два пати повеќе бета-каротен, а малку повеќе масло во однос на свежата.

Компир

Компирот е прехранбен производ, поволен за сите возрасти и скапоцен изор на енергија и јагленохидрати. Тој содржи супстанции што одлично влијаат  врз човековото здравје, лекуваат болести предизвикани од нарушен метаболизам-гихт, ревматизам. Во народната медицина компирот се употребува како помопно лековито средство за ревматизам, воспаление на зглобовите, главоболка,висока температура,изгореници,настинка и сл. Компирот треба да се вари, бидејќи на тој начин се зачувува третина од витаминот Ц, а ако се пече со кората се губи само малку. Витамините и инералите се наоѓаат во лушпата на компирот и веднаш под неа, па затоа се препорачува да се лупи само тенок сој или да се подготви нелупен.

Суво грозје

Покрај сувите сливи и кајсии, сувото грозје е овошје со најголема количина на антиоксидански. Иако се смета дека храната шт е блага и леплива, како што е сувото грозје, е штетна бидејќипредизвикува расипување на забите, најновите истражувања го докажале сосем спортивното.Фитохемикалиите во сувото грозје го спречуваат развојот на бактерии во усната празнина што се одговорни за настанување кариес и болести на забното месо.Освен што помага во одржување на здравјето на забите, суво грозје содржи фруктоза и гликоза, а не сахароза што е главен виновник за појавата на болести во усната празнина.

Банана

Зрелите банани влијаат на два начина –ги активираат епителните клетки на слузницата на желудникот така што произведуваат дебел заштитен слој што претставува баријжера на  желудачната киселина и ги елимираат бактериите од желудникот за кои со сигурност се знае дека предизвикуваат настанување на чир.  Во една студија се покажало дека мешавината од банан и млеко значително ја намлува желудачната киселина. ТИе се добар извор на пектин и растворливи влакна шт ги впиваат течностите и на тој начин ја помагаат перисталтиката на дигестивниот тракт. Наедно ја зголемуваат способниста на организмот да го апсорбира калциумот, па со тоа ова овошје го  забавува метаболизмот на губење на калциумот и од коските кајко што е остеопорозата.

Брокула

Освен изобилство хранливи материи, брокулата содржи и различни билошки активни состојки, чии антиоксидансни својства позитивно влијаат врз здравјето, намалувајќи го ризикот за заболување од некои видов карцином и срцеви болести. Брокуката, благодарејќи на својот специфичен состав, станала жариште на научните истражувања. Откриено е дека содржи активни материи што содржат  сулфор-сулофран што ги стимулира природните одбранбни механизми во органзимот во борбата на некои видови на карцином и ја уништува бактеријата  Helicobacter  pylori што може да придонесе за појава на чир и карцином на желудникот, дури и кога е отпорна , дури кога е отпорна на обични антибиотици.  Во односот на ефикасноста на лекувањето и во превенција на некои видови на рак, брокулата е на прво место, а бидејќи го поттикнува  создавањето на антиканцерогени ензими, се препорачува да се кознумира поради зголемување на отпорноста на организмот на тумори и како помош во борбата против некои видови тумори. Сепак, внимајте на времето на варење, бидејќи со подолго варење се намалува содржината на скапоцените состојки и се менува бојата, изгледот и составот.

Домат

Доматот не содржи оксална киселина, па во него оже да уживаат и заболените од ревматизам и воспалние на зглобовите. Тој го зголемува и исфрлањето вода од организмот, добро влијае на срцето и крвотокот , го регулира варењето и го намалува крвниот притисок. Богат е со пектини и органски киселини што го стимулираат апетитот, го активираат процесот на варење и го спречуваат негативното дејство на бактериите. Ликопенот има најсилно антиоксидантно дејство од сите каротеноиди што се присутни во храната, два пати посилно од бета-каротенот и десет пати посилно од алфа-токоферолот при неутрализирање на слободните радикали,

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin