Храна

Лековити зачини кои треба да ги има во секоја кујна

Сите знаеме дека разновидната исхрана богата со овошје и со зеленчук поволно влијае на здравјето, како и консумирањето доволно течности во организмот и редовната активност.Но, често забораваме дека постојат продукти кои се исклучително здрави, а трба да ги користиме при подготовка на храна.

Станува збор за зачини кои многу поволно влијаат на организмот, без разлика дали станува збор за борба против алергии  и други болки или за превенција на развој на тумори и болести на срцето.Ова се неколку зачини кои задолжително треба да ги имате во кујната.

Куркума                                                                                                                               

Познато како индиско златко, куркумата поседува силни медицински својства кои можат да ги отстранат штетните материи од нашето тело, но што е најважно, таа ги подобрува мозочните функции и помага во спречување на болести на срцето.Помага при намалување на симптомите на артритис, како и на Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест.

Цимет

Најчесто се користи во слаткарство при подготовка на десерти, но помага во намалување на нивото на шеќерот во крвта. Студии покажуваат дека лицата кои боледувале од  дијабетес  тип 2 , а дневно користеле цимет, го намалиле нивото на шеќерот во крвта.

Циметот е добар и при намалување на холестеролот, а би требало сите да го користат бидејќи е идеален како превенција од карцином, срцев удар и труење со храна.

Црн бибер

Сушениот бибер се користи долго време поради вкусот и неговото лековито својство. Како зачин се употребува плодот на ова растение, кој е во форма на мали зрна. Постојат повеќе видови на бибер, а се разликуваат по начинот на подготовката на зрното.

Благодарение на антибактериските својства, биберот се користи како природен конзерванс на храната. Претставува богат извор на манган, железо, калиум, витамин Ц, витамин К и растителни влакна.

Пиперинот е активна состојка на црниот бибер и благодарение на него се зголемува нивото на апсорпција на селенот, витаминот Б, бета каротинот како и другите важни состојки од храната која се внесува, со што се забрзува енергетскиот метаболизам во телото.

Како многу добар и успешен лек се покажал и кај луѓе што страдаат од дијареја, кила, од проблеми со срцето и кардиоваскуларниот систем, несоница, болки во зглобовите, Паркиноновата и Алцхајмеровата болест,  болки и проблеми со забите, проблеми со црниот дроб, болки во ушите, како и проблеми со белите дробови и дишните патишта.

Единствено треба да се напомене дека не смеат да го употребуваат луѓе што имаат чир на желудник, и луѓе што имале операција на органите за варење.

Ѓумбир

Го олеснува и поттикнува варењето на храната, ја намулва подуеноста и тешкотии во желудникот, а спречува и појава на грчеви.

Освен тоа, има налгетско, смирувачко и антибактериско својство, а поради антихистаминскотот својство, се препорачува и во лекување на алергии.Идеален е за подигање на имунитетот и ублажување на симптомите на настинка.

Морско оревче

Овој ароматичен зачин содржи миристицин, етерично масло кое може да се најде во морковот и целерот.

Докажано е дека го намалува холестеролот, болките и делува против депресијата. Го подобрува помнењето и ја зголемува сексуалната желба.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin