Храна

Неговото височество: БЕЛИОТ ЛУК !

Белиот Лук (Allium Sativum) е често употребувана намирница во исхраната како сотавна компонента на многубројни вкусни рецепти и како зачин. Познат е уште од античко време како ценето медицинско растение. Старите Египќани им давале лук на робовите за време на градењето на пирамидите за да бидат поиздржливи.во текот на историјата, за време на војни кога имало недостиг на храна, лукот бил значајна намирница и лек проотив многу болести. Постојат многу научни податоци за направени истражувања кои покажуваат дека лукот поседува голем број на фармаколошки активности како што се: намалување на крвниот притисок, намалување на ЛДЛ или :”лошиот ” холестерол во крвта , намалување на триглицеридите, инхибиција на агрегација на тромбоцитите,поседува кардиопротективно својство, делува антибактериски и антиифугално, поволно делува при појава на настинки и ја подобрува одбранбената способност.

Неговите ногубројни фрмаколошки својства се  должат на присуство на неколку активни компоненти: алицин, алин, диалил дисиосулфид, С-алил цистеин и диалил трисулфид органосулфурни компоненти. Токму аицинот кој е една од наиспитуваните компоненти на лукот е одговорен за неговиот карактеристичен мирис.

Антихипертензивниот ефект

на белиот лук е изразен преку намалување на систолниот притисок при блага хипертензија.

Хиполипидемичниот ефект

Според податоците базирани на научните истражувања е резултат на дејството  на алицинот во намалување на холестеролот во крвта и триглецеридите, како и значајно намалување на депонирање на холестеролот во црниот дроб што може да доведе до неговото замастување.

Кардиопротективен ефект

Испитувања покажуваат дека алицинот има заштитен ефект врз срцето предизвикувајќи вазодилатација, намалува појава на заолувања на срцевата артерија, вклучувајќи срцева хипертрофија, инхибиција на агрегација на тромбоцити, атеросклероза, зголемено ниво на масти и шеќер. Всушност кардиопротективниот ефект на лукот може да се каже  дека е комбинација на сите овие позитивни ефекти, вклучително и неговата антиоксидантна активност.

Значајна инхибиција на агрегација на тромбоцититеспоред многубројни студии е забележана веднаш по употреба на лук. Од тие причини негово консумирање не е препорачливо кај лица кои користат антикоагуланси или една недела пред било каква хируршка интервенција.

Хипогликемичен ефект

Одредени клиничи испитувања покажуваат значајно намалување на глукозата во крвта кај луѓе кои користат луки не се дијабетичари во однос со луѓе кои не користеле лук. Освен тоа лукот ја намалува и отпорноста или намалена реакција на дејство на инсулинот. Ова својство на лукот се должи на исаприливите сулфурни компоненти.

Настинки и инфекции

Белиот Лук придонесува во подобрување ма состојби при намален имунитет,настинки и инфекции, а неговата редовна употреба може да ја превенира појавата на настинки и да ја зголеми одбранбената способност на организмот. Во една научна студија заклучено е дека лукот поседува и противвоспалитетлно дејство кое се должи ма присуство на диалил дисфулфидот.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin