Храна

Недостаток на Јод

Јодот има витална улога во одржување на добро здравје. Како основен хормон на штитна жлезда тој влијае на бројни процеси во организмот. Штитната жлезда пак има голема улога во регулирање на метаболизмот и е од клучно значење за развој на мозокот. Недостаток на јод особено се јавува кај бремените жени и нивните бебиња, од причина што развојот на мозкот е наијнтензивен во првите три месеци од бременоста. Јодот е минерал кој во нашиот организам се наоѓа во многу мали количини. Човечкото тело само не може да го произведе, па затоа е неопходно дневно да се внесува.

За возрасен човек е неопходен дневен внос од 150 микрограми јод. Ако не го внесувате доволно, телото ќе почне да ви дава знаци на аларм.Исхраната го регулира нивото на јод во организмот, но многу треба да се внимава и каква сол ќе конзумирате.

Промена на расположение

Намалената функција на тироидната жлезда – хипотиреоза може да се појави поради недостаток на јод. Тоа од своја страна кај лицата кои го имаат овој проблем може да предизвика симптоми на депресија и промена на општото расположение.

Хроничен замор

Драстичен пад на енергија без оглед на доволното спиење е последица на неактивноста на штитната жлезда.Таа нужно ја успорува својата работа доколку во оргаизмот нема доволно јод.

Нагло дебелеење

Од исти причини, поради кусок на јод и забавена работа на штитната жлезда, се забавува и метаболизмот а со тоа храната потешко се вари. Последица на тоа е дебелњњето, па затоа внимавајте што јадете и колку.

Чуствителност на студ

Со забавениот метаболизам неминовна е и слабата цирлулација. А, кога тоа ќе се случи терморегулацијата сериозно се нарушува, па на лицето му е многу поладно, дури и на нормална темпретаура.

Сува кожа и коса

Уште една негативна појава поврзана со недостаток на јод е што се отежнува процесот на потење, а тоа влијае на кожата која станува се посува и почуствителна. Ниту косата не добива доволно хранливи материи, па и таа е посува од вообичаено.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin