Лековити Билки Органска Храна

Десет причини за косумирање на боровинки

Боровинките се лек во мало пакување. Потекнува од Северна Америка, каде уште се нарекува и црна јагода. Листовите од боровинка ги нарекуваат растителен инсулин.

Сината боја на ова овошје се должи на антоцијанини, познат антиоксиданс. Боровинките се богати со диетални влакна, најмногу со пектин, кој го намалува нивото на холестеролот.Витаминот Ц е силен антиоксиданс и одлично се бори со настинките и другите болсети на белите дробови и дишните патишта. Плодот содржи органски киселини(јаболкова и лимонска), шеќери, протеини, витамин, каротин, витамин Ц и витамин Б.

Еве неколку причини плус за да ги вклучите боровинките во секојдневната исхрана.

Потхранување на мозокот

Боровинките се силни антиоксиданси и му помагаат на мозокот да работи подобро, помагаат за подобрување на когнитивните способности, да размислувате брзо и креативно. Ова овошје може да ви помогне да го одржете мозокот млад т.е да го намалите стареењето.

Го зајакнува имунитетот

Антиоксидансите во боровинките се борат со слободните радикали и му помагаат на имунолошкиот ситем да се избори со вирусите и бактериите.

Здрава кожа

Витаминиот Ц во боровинките ќе и даде сјај на вашата кожа, антиоксидансите ќе ја направат мека, а шеќерот ќе ги острани сувите делови од кожата.

Го чуваат видот

Боровинките го подобруваат здравјето на очите. Секојдневата употреба на ова овошје во исхраната го намалува ризикот од губење на видот во текот на стареењето.

Помагаат при намалување на маснотиите во стомакот

Полифенолите кои се наоѓаат во боровинките влијаат врз разбивањето на мастите во клетките кои се таложат на стомакот.Малиот број на калории го прават идеално овошје доколу сакате да го доведете телото во топ форма.

Го чуваат срцето

Боровинките го намалуваат ризикот од срцев удар, витаминот Ц ја подобрува работата на крвта во срцето и артериите.Калиумот во ова овошје го подобрува здравјето на срцето во целина.

Растителен инсулин

Ова овошје има низок гликемиски индекс, заради што има позитивен ефект врз регулацијата на шеќерот во крвта, особено кај лица кои веќе имаат дијабетес. За регулирање на шеќерот во крвта се користи и чај од листовите на боровинката. Листовите на боровинката се берат пред да узрее плодот, бидејќи подоцна ги губат своите својства.

Првенција против рак

Антоцијанот ги напаѓа канцерогените клетки и го намалува растењето на веќе постоечкиот тумор.

Здрави коски

Боровинките содржат големо количество на манган, кој е важен за развојот на коските.Ова овошје помага да се развие поцврста коскена маса.

Се борат со бактерии и инфекции на мочниот меур

Боровинките содржат компонента која помага на ѕидот на мочниот меур да се бори против бактериите и инфекциите на уринарниот тракт.За оваа намена се користи и чај од листовите на боровинката.Овој чај делува како диуретик и се користи при повраќање, кашлица, како и за забрзување на растот на косата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin