Органска Храна Храна

За витко тело јадете диња!

Дињата е едногодишно растение кое потекнува од Азија. Ниската калорична вредност и големиот процент на вода ја прават омилено овошје за летниот период.

Дињата го штити здравјето на очите

Во дињата се наоѓа антиоксидансот зеаксантин  кој го штити здравјето на очите од штетните ултра виолетови зраци кои можат да предизвикаат оштетување на очите и појава на катаракта.

Дињата го намалува ризикот од појава на атсма

Ризикот од појава на астма е помал кај лицата кои консумираат овошја кои се со жолта и портокалова боја. Овие овошја во кои спаѓа и дињата  содржат бета-каротен и витамин Ц. Витаминот Ц има заштитно дејство и помага при намалување на астмата.

Дењата го намалува високиот крвен притисок

Дињата изобилува со растителни влакна, калиум, витамин Ц и холин кои го прават одличен сојузник за здравјето на срцето.Храната која е богата со калиум помага при намалување на високиот крвен притисок

Дињата помага во борбата со дебелината, штити од срцеви заболувања и го одржува здравиот изглед на косата,  кожата и очите.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin