Витамини Органска Храна

Капини- најдоброто од природата во мало пакување

Капината е грмушка која расте на секаков вид почва, а достигнува виснина до 3 метри. Цвета од мај до јуни, а потоа плодот зрее во текот на целото лето се додека не стане црн, сочен и мек.  Ова овошје се состои од 80-100 мали топчиња организирани во форма на грозд.

Капината е богата со витамини (Ц, А, Е, К и Б), минерали ( натриум, бакар, манган, магнезиум) растителни влакна и антиоксиданси (лутеин и зеаксантин).

Постојат голем број на истражувања кои докажуваат дека капините можат да бидат меѓу најмоќните антиканцерогени овошја. Жените во постменопауза со рак на дојка кои консумираат голема количина на капини имаат помала веројатност да умрат од нивион рак во споредба со другите пациенти.

Капините имаат корисни ефекти и врз здравјето на мозокот. Научните студии тврдат дека високото ниво на антиоксиданси во капините го заштитуваат мозокот од загуба на меморијата поврзана со стареењето.

Капините содржат фруктоза која може да биде штетна за вашето здравје во прекумерени количини !

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin