Витамини Лековити Билки Органска Храна

Печурките-лек и храна

Во минатото печурките се сметале за лек во Азија и тоа со право. Некои од најлековитите печурки се: реиши, маитаке, шитаке, кордицепс и чага.

Печурката реиши се нарекува чудо на 21 век, а во минатото се нарекувала лек на кралевите.Оваа печурка се користела во медицината пред повеќе од 4000 години.Тешко се наоѓа во природата, успеваат во дождовните шуми и само на одредени стебла, кои се во фаза на распаѓање.Во текот на 20 век почнала да се одгледува во Јапонија на органски приспособени и третирани површини. Додека расте оваа печурка се одгледува како суво злато.

Оваа печурка го зајакнува, го модулира и го регулира имунолошкиот систем, ги остранува токсините и го ревитализира организмот.Раиши помага на пет клучни органи кај луѓето: срцето, белите дробови, црниот дроб, панкреасот и бубрезите.Се препорачува за лица со алергии бидејќи има својство да ги острани во целост.Има силно антитуморно дејство, ја подобрува активноста на нашите клетки убијци и на нашата природна одбрана против канцерогени клетки.

Маитаке е лековита печурка која е многу распостранета во Јапонија. Изобилува со минерали и витамини(калиум, калциум, магнезиум, Б2, Б5, Д2), влакна, ензими и аминокиселини.Оваа печурка уште се нарекува и печурка на гејшите. Гејшите ја користеле за да останат во форма.Секоја гејша во козметичката кутија си носела три вида на печурки кои се познати по ефектите за намалување на телесната тежина-маитаке, реиши и шитаке. Понекогаш кон овие печурки се додавала и печурката кордицепс.Оваа печурка меѓу другите својства има ефект и на намалување на апититот, па оттаму и намалување на телесната тежина.

Шитаке е печурка која се бори против малигните заболувања. Изобилува со витамини и минерали (Д, Б1, Б2, Б3, Б5, Б6, Б11, Б12, калциум, фосфор, железо, калиум и натриум). Од оваа печурка е изолиран еритаденин кој го намалува холестеролот за неверојатни 45%. Шитаки помага во намалување на телесната тежина и зголемување на енергијата.

Главната моќ на оваа печурка е превенцијата од малигните заболувања и неверојатната моќ за запирање на растот на туморите.Оружјето со кое ова печурка се бори против ракот се нарекува лентинан, соединение од сложени шеќери, полисахариди.

Чага е истотака лековита печурка која расте на брзата во Сибир. Содржи високо ниво на атиоксиданси, бета-глукани, витамини (А, Ц, Б, Д, К и Е), минерали (манган, магнезиум, калциум, железо, цинк, селен), меланин, бета-каротен, мелатонин и др. Оваа печурка се нарекува уште и дар од бога и е ефикасна за справување на речеси сите кожни болести.

Кордицепс е ендопаразитско растение кое расте на инсекти. Овој паразит одлично дејствува врз имунолошкиот систем, ја зголемува енергијата со продолжено задржување на кислородот во крвта и го подобрува хранењето на мозокот и на сите витални органи со кислород. Делува и како афродизјак. Кордицепс има чудотворна моќ да се промени во состојба од животно во растение.Таа изникнува во жив организам во лави на некои видови молци, прво го колонизира, мумифицира и на крајот го убива својот носител.Расте само на високи планински места во Тибет и Химелаите, Оваа печурка позитивно делува во спречувањето на растењето на туморот, а некои тумори и сосема ги уништува.Делува врз зацврстување на целосниот имунолошки систем. Комбинација од овие пет печурки во вид на додаток во исхраната можете да најдете во аптеките

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin