Совети Храна

ПРИРОДНА И ВКУСНА ПРЕВЕНЦИЈА

Овие прехранбени производи ги обезбедуваат состојките што помагаат за да се намали опасноста од заболување од рак.

Јаболкото и сокот од јаболко,меѓу другото содржат баластни материи,минерали и витамини.Тие се богати со феноли соединенија што се распределени во лушпата.во плодот и во семката.Во лушпата се наоѓаат таканаречените тритерпеноиди.Во истражувањата и студиите овие состојки покажуваат превентивни ефекти против ракот,вклучувајќи и антиоксидативни и антиинфламаторни својства.

Брокулата се смета за главен зеленчук во борбата против ракот со највисока концентрација на витамини и минерали во споредба со другите видови на зеленчук.Состојките од брокулата не ги заштитиваат клетките само од слободните радикали,туку го спречуваат и развојот на канцерогените клетки.Според истражувачите во најновите студии,сулфорафанот-една од состојките во брокулата може да ги направи ранливи дури и отпорните канцерогени матични клетки.

Јаткастите плодови и нивните масла се одлични за здравјето.За сето ова е одговорени витаминот Е кој го содржат.Овој витамин кој помага во инхибиција на ракот,ги штити клетките од штетното влијание од УВ-зраците и метаболитичкиот стрес.Некои јаткасти плодови на пример бразилскиот орев,дополнително се богати со селен-состојка која се смета за убиец на ракот.

Грејпфрутот има остар и горчлив вкус кој е предизвикан од присуството на соединенијата нарингин и лимонид,кои заедно со каратеноидите можат да го заштитат човекот од заболувања.Вистинската моќ на грејпфрутот се наоѓа во семето,чии екстракти имаат докажани антиканцерогени својства и пред се може позитивно да дејствуваат при рак на кожата,карцином на простата и на дебелото црево.

Шипките содржат делумно витамин Ц од многубројните додатоци во исхраната-овој витамин може докажано да го спречи настанувањето на ракот.Пред се концентратот од шипка се вбројува меѓу најдобрите снабдувачи на витамини,кој се карактеризира со висока биорасположливост на витални материи и притоа има одличен вкус.

Ѓумбирот и неговите фенолни состојки имаат докажани антиоксидативни својства.Во многубројни студии не е документирано само спречување на развојот на туморот,туку специјално е докажан инхибиторниот ефект на ѓумбирот во случаи на рак на кожата и на дебелото црево.

Лук.Неговото антиканцерогено дејство се должи на присуството на органски сулфурни соединенија.При експерименти со животни е утврдено дека токму овие соединенија може да ја спречат појавата на рак на белите дробови и дебелото црево.

Др-Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *