Витамини Суплементи

Serrapeptase- ензим од природата за намалување отоци

Serrapeptase е протеолитички ензим кој ги разложува протеините на помали составни делови (пептиди и аминокиселини) кои телото може да ги користи.

Овој ензим доаѓа од дигресивниот систем на свилената буба кој се појавува кога бубата се ослободува од својот кожурец.Всушност микроорганизмите го продуцираат овој ензим со кој се разградува листот од дудинка со кои ларвите се хранат и потоа тие можат да ја изградат чаурата на свилената буба.Научната медицина докажа дека овој енизм има неверојатни резултати при лекување на одредени состојби и болести.

Serrapeptase е силен анти-фибротик, а тоа е од огромно значење бидејќи многу болести се јавуваат како последица на абнормалното здебелување на фиброзното сврзно ткиво.Такви болести се:

  • Фиброцистични гради
  • Цистична фиброза
  • Фиброидни тумори на матка
  • Артериосклероза
  • Тромбови

Овој ензим го намалува воспалението со разредување на флуидите кои се формираат по повреди.Исто ја намалува болката, се препорачува како замена за аналгетици.Делува на елиминација на атеросклеротичните плаки на крвните садови без оштетување на здравите клетки на ѕидот на крвните садови, ги намалува холестеролот и триглициеридите во крвта, помага при остранување на слузот од дишните патишта. Во поново време се користи како додаток на неконвенционалната терапија при малигни заболувања, за спречување на мозочен удар и при стоматолошки зафати.

Serrapeptase не се препорачува да ја употребуваат пациенти кои  користат антикоагулантни лекови како: аспирин, хепарин, варфарин, ибупрофен, напроксен. При употребата на овој ензим треба да се избегнува консумирање на рибино масло, лук и куркума.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin