Совети Храна

ТРУЕЊЕ СО ХРАНА

Како што ни се наближуваат летните денови и високите времеснки температури,така се зголемува и можноста за труење со храна.

Труењето со храна е честа појава во летните месеци и се јавува како резултат на внесување на храна или течности кои се контаминирани со  бактерии, паразити, вируси или со нивните токсини кои постојано ги лачат.Топлите денови се најпогодниот период за појава на оваа состојба,бидејќи високите температури го фаворизираат размножувањето на штетните микроорганизми. Симптомите најчесто се манифестираат во тек на 24 часа, неочекувано, набргу по консумирање на загадената храна.

КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ТРУЕЊЕ СО ХРАНА?

Најчести симптоми кои се појавуваат при труење со храна се:

  • Мачнина
  • Болка во стомакот
  • Грозница
  • Дијареа
  • Повраќање
  • Грчеви

Најчеста компликација при оваа состојба е дехидратацијата.Помалку застапени, но посериозни компликации се артритис, крварење, оштетување на нервниот систем, проблеми со бубрезите, оток или иритација на ткивото околу срцето.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ПРИ ВАКВА СОСТОЈБА?

-Почнете со правилна хидратација на организмот и одржување на нивото на електролитите под контрола .Избегнувајте купување на сокови од продавница, бидејќи може дополнително да го вознемирите желудникот. Попрво одлучете се за вода, незасладен чај од нане или или препарати за рехидратација кои може да ги набавите во аптека.

-Во однос на храната, најдобро е да јадете банани, двопек и ориз, а да пиете  природен сок од јаболка. За неколку дена, кога симптомите ќе се смират, можете полека да ги воведувате и останатите намирници во исхраната.

Добро одморете се. Самата болест и дехидратацијата може да ве направи истоштени и малаксани,па поради тоа неопходен му е добар одмор на организмот.

Во ниту еден случај не користете лекови против дијареа. Овие лекови само ќе ви одмогнат во оваа ситуација ,бидејќи  лесно можат да го попречат елиминирањето на штетните микроорганизми и нивните токсини од вашиот организам,а со тоа уште повеќе ќе ја влошат настанатата состојба.

Др. Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *