Лековити Билки Органска Храна Храна

Чиа семе-супер храна!

Индијанските племиња со векови го употребувале чиа семето, постојат докази дека жените користеле само една супена лажица од ова семе за цел ден.

Научната медицина откри дека ова минијатурно семе изболилува со : протеини, антиоксиданси, Омега-3 масни киселини, витамини и минерали.Чиа семето е најбогат ботанички извор на Омега-3 масните киселини кои се наоѓаат во природата, содржи повеќе омега-3 масни киселини и од рибиното масло.Содржи 30% повеќе антиоксиданти и од боровинките. Ова супер семе содржи: витамин А, витамин Б2, витамин Б3, витамин Б1, магнезиум, калиум, бакар, цинк, железо, манган, ниацин, молибден и фосфор.

Чиа семето се користи за подобрување на целокупното здравје на човекот:

Image result for nutrisslim chia zegin

Намалување на телесната тежина

Ова семе ја апсорбира водата која се наоѓа во желудникот, со што се создава чувство на ситост.Користењето на ова семе значи брзо и ефикаснео слабеење без штета на вашето здравје,бидејќи во себе ги содржи сите неопходни витамини и хранливи состојки.Чиа семето ја намалува желбата за нездрава храна.

Моќен извор на калциум

Во ова семе има пет пати повеќе калциум отколку во млекото и два пати повеќе отколку во бананите.За веганите овој продукт е едноставно незаменлив. Калциумот е особено важен за крвните садови, работата на срцето и за проблеми со бавен раст на косата, лоши нокти и нееластична кожа.

Омега-3 масните киселини се лек

Омега-3 масните киселини се одлични за подобрување на здравјето на кожата, го забавува процесот на стареење на кожата и се бори против брчките. Чиа семето содржи исто количество на Омега-3 масни киселини колку и црвента риба. Омега-3 масните киселини помагаат во намалување на нивото холестеролот, ја подобрува работата на срцето и помага да се изборите со депресијата и нарушување на расположението. Овие киселини ја подробруваат работата на мозокот, ја подобруваат концентрацијата и помнењето.

Антиоксиданси за вечна младост

Ова семе изобилува со антиоксиданси кои допридонесуваат за младолик изглед без разлика на годините.Антиоксидансите го штитат организмот од инфекции и го зголемуваат имунитетот.Антиоксидансите во чиа семето овозможуваат побрзо заздравување и обновување на клетките на кожата и го блокираат штетното влијание на надворешните фактори.

Протеини за енергија

Чиа семето има многу протеини, па затоа е одлично за надополнување на потрошената енергија при напорни спортски тренинзи и психофизични напори.Протеините се главана храна на спортистите поради тоа што се неопходни за раст и развој на мускулна маст.Чиа семето може да биде соодветна замена за протеински коктел.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin