Храна

Јаткастите плодови го чуваат здравјето

Јаткастите плодови се богатти со здрави масти и представуваат храна за мозокот и срцето. Тука спаѓаат лешниците, бадемите, фстаците, кикириките, оревите..

За подобро здравје се советува да се јаде една шака јаткасти плодови на ден, односно 30гр. Доколку го прифатите ова правило,автоматски го намалувате ризикот од појава на карцином, но и од срцеви и респираторни проблеми.Органските јаткасти плодови се одгледувани во посебни услови и не содржат пестициди, хербициди и ГМО.Важно е овие плодови да не бидат солени.

Индиски ореви против замор

Индискиот орев е плод богат со железо и помага во обезбедувањњето на организмот со кислород, а гарантира и дополнителна енергија.Истовремено овие ореви с евистинско богатство на влакна, витамин Е и К, како и магнезиум и калиум.

Ореви против холестерол

Со оглед дека оревите ги има и во наши краеви, многу е лесно да се купат и по не многу висока цена, а најдобри се за лица со зголемено ниво на холестерол во крвта.

Бројни студии покажуваат дека редовното консумирање ореви го намалува холестеролот од 0,3 до 0,5 бодови.

Кикирики за слабеење

Мастите, протеините и влакната што ги содржат кикириките ќе ви помогнат подолго да се чувствувате сити и да ви се намали апетитот. Многу истражувања покажале дека со редовното консумирање непечени кикирики се намалува можноста за варирање на килажата, а и полесно же ослабнете.

Фстаци за низок крвен притисок

Освен што с емногу вкусни, ф’стаците содржат повеќе калиум ид ананите, кои се познати по овој минерал. Ф’стаците помагаат  во регулирање на крвниот притисок, но лицата кои имаат проблеми со работат на бубрезите, секако би требале да го ограничат внесот на калиум, а со тоа и консумирањето ф’стаци.

Бадеми против дијабетес

Бадемите имаат најнизок гликемиски индекс од сите јаткасти плодови, па затоа се идеални за лицата кои имаат дијабетес.Богати се со магнезиум кој има важна улога во регулирање на нивото на шеќерот во крвта.

Лешници за здраво срце

Лешниците се богати со здрави масни кислеини и се едни од најбогатите природни извори на витамин Е.Освен тоа, содржат влакна , калциум, магнезиум , цинк, фолна и биотин , кои ја подобруваат работата на срцето и го чуваат неговото здравје.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin