Најважни

Вистини и предрасуди за витаминот Ц

Витаминот Ц, веројатно е еден од најпознатите витамини кои се смета за најголем сојузник на човековото здравје. Дали ќе го внесеме преку свеж зеленчук или овошје, или пак како апче ќе го испиеме наутро важно е овој витамин да биде дел од нашето секојдневие. Иако, мислиме дека за него знаеме се, ова се некои вистини и заблуди.

1.Го јакне имунитетот

Вистина: Витаминот Ц ги стимулира заштитните сили на организмот за тој да може подобро да се бори со онфекциите. Некои медицински испитувања тврдат дека тој штити од катаракта, висок крвен притисок и од хронични воспаленија. Неговото антиоксидантно дејство има делотворен ефект во превенција на некои типови на рак, а исто така и во борба против стареењето.

2. Не можеме да пиеме од него колку сакаме

Заблуда: Витаминот Ц се исфрла преку мочката, ако е во поголемо количество. Така да, нема ризик по здравјето ако испиете повеќе од потребното дневно количество Витаминот Ц не пречи на спиењето. Внимавајте кога го комбинирате Витаминот Ц со кофеинот или со гуарана, бидејкќи може да влијае на сонот.

3. Пушачите имаат поголема потреба од непушачите

Вистина : Пушачите ги гибат дневните резерви на витамин Ц со пушењето на 10 цигари дневно. Затоа нивна дневнаа потреба од витамин Ц е над 500мг. Од поголема доза на витаминот имаат потреба и  лицата чиј организам е ослабен или истоштетн на пример од честите зимски инфекции. Мажите имаат помала концентрација на витаминот Ц во крвта од жеите.

4. Портокалите содржат  најмногу

Заблуда: Иако се богати со витаминот Ц, цитрусните  овошја се доста долу во класификацијата со други овошја и зеленчуци. Ацеролата, црвените пиперки и црната рибизла се во челната тројка, со три до четири пати повисока содржина на витаминот ц од грејпфрутот.Повеќето лиснати зеленчуци на приер содржат витамин Ц исто колку и портоколот.

5. При готвење се губи еден дел

Вистина: Витаминот Ц брзо се раградува при контакт со воздух и со топлина и е термо лабилен. Така што колку подолго трае готвењето и колк е повисока температурата толку помалку витамин Ц ќе имаме во чиниите. Дајте приоритет на готвење на пареа, при кое се разградуваат само 30 проценти од содржината на витамин Ц во продуктите. И готвењето на температура не повисока од 70 степени Целзиусови го дава исиот ефект.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin