Најважни

Зошто ни е потребен витамин Е?

Витаминот E е липосолубилен витамин (растворлив во масти) и претставува антиоксиданс за нашиот организам и има бројни значајни ефекти во здравата функција на човековото тело.

Како антиоксиданс, витаминот Е има неверојатно дејство на здравјето на кожата. Тој ѝ помага да се заштити од UV зраците, загадувањето и сите други појави кои што произведуваат слободни радикали, одговорни за уништувањето на ткивата. Поради тоа негово својство, тој е главна состојка во многу козметички продукти против стареење на кожата. Витаминот Е прави кожата да изгледа помлада и помазна. Некои истражувања посочуваат дека витаминот Е го забрзува процесот на заздравување на изгореници.

Витаминот Е му помага на нашиот организам во борбата со инфекциите,канцерогените заболувања и заболувањата на срцето.Тој го зајакнува имунолошкиот систем и,учествува во регулација на нивото на витаминот А .Истотака учествува во формирање на репродуктивните клетки и ја подобрува плодноста на двата пола,а помага и во спречување на спонтаниот аборус.

Симптоми кои алармираат на недостиг на витамин Е:

-Анемија;

-Проблеми со дигестивниот систем;

-Проблеми со жолчката,панкреасот и црниот дроб;

-Проблеми со видот;

-Загуба на мускулна маса и слабост на мускули;

Витаминот Е е важен за синтезата на белковините,а посебно за колагенот,па во случај на негов недостиг кожата ја губи својата еластичност и е склона кон создавање на брчки.

Дневни потреби за витамин Е:

  • Бебиња 4-5mg
  • Деца 6-11mg
  • Возрасни (14 и нагоре) – 15mg
  • Трудници – 15mg

Исхрана богата со витамин Е:

 Намирници кои се богат извор на витамин Е се: пченични никулци, јаткасти плодови (бадем, сончоглед, орев, лешник), нерафинирани, ладно цедени растителни масла од маслинки, семки од тиква, репка, сончоглед, како и зелен зеленчук (спанаќ, блитва), киви, лути пиперчиња, жолчка.

Храната богата со витамин Е најдобро е да ја јадете свежа, без да ја готвите. Готвената храна содржи 50-90% помалку витамин Е отколку свежата. Складирајте ја храната богата со витамин Е добро затворена, затоа што витаминот Е е чувствителен на кислород.

Др-Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin