Нега и убавина Совети

БОТОКС И ХИЈАЛУРОНСКИ ФИЛЕРИ ДА ИЛИ НЕ?

Ботоксот и хујалуронските филери претставуваат многу ефикасно средство за подмладување,сепак за постигнување на најдобри резултати и посакувани ефекти на наједноставен и најпрактичен начин потребно е да се препуштите во рацете на стручно лице во таа област и да се информирате како и зошто се користи ботоксот,а како и зошто хијалуронските филери.

Што претставува всушност Ботоксот?Ботулински токсин е протеин што го произведува бактеријата Clostridium botulinum, и познато е дека е доста невротоксичен. Популарно познат по едно од неговите трговски имиња, БОТОКС, ботулинот денес често се употребува во различни козметички и медицински постапки.Тој е еден од најприфатливите неинвазивни третмани во естетската дерматологија,а го користат над 3 милиони луѓе.

Како делува?Ботоксот ја опушта работата на поедини мускули кои учествуваат во мимиката на лицето преку блокирање на преносот на нервниот импулс до соодветниот мускул и на тој начин ја оневозможува неговата контракција.

Што се хијалуронски филери и како делуваат?Хијалуронски филери познати уште како и дермални филери се состојат од хијалуронска киселина. Хијалуронска киселина е природна супстанца која секој човек ја има во своето тело, со најголема концентрација во зглобовите, кожата и очите.

Како последица на процесот на стареење, стрес, брз начин на живот и пушење, количината на хијалуронска киселина во организмот опаѓа со тек на време, а со тоа се појавуваат и болки во зглобовите, брчки и висната кожа.

Хијалуронските филери делуваат на таков начин што ги пополнуваат настанатите брчки.Се вбризгуваат по пат на инјектирање во кожата за да се постигне длабински ефект и ја  потиснуваат кожата нагоре и доведуваат до нејзин затегнат и мазен изглед.Најчесто се користат за пополнување на брчките околу усните,за корекција на контурите на лицето како и за корекција на подочници,пополнување на брчки на деколтето и вратот.Идеални се за назолабијални  брчки како и за пополнување и зголемување на тенки усни што денес многу често и интензивно се користи.

Кожата добро ја поднесува хијалуронската киселина, бидејќи е нејзин составен дел. Се употребува во хидратантните креми и кремите против стареење ширум светот.Идеална е во употреба за секаков тип на кожа,особено доколку кожата е сува и дехидрирана.

Др-Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *