Нега и убавина Нега на Кожа

Знаци на стареење на кожата на лицето и вратот

Брзината на стареење на кожата на лицето и вратот е различна кај секој човек.Брзината на стареење на кожата зависи од повеќе фактори. Околу 20-30% брзината на стареењето зависи од генетски предиспозиции, а останатите 70-80% зависат од начинот на живеење, исхраната, загаденоста на воздухот и нормално негата на кожата.Првите знаци на стареење на кожата се појавуваат на вратот и лицето.

Доколку забележите некои од слдедните знаци кои упатуваат на стареење на кожата посветете повеќе внимание на нега.

Пеги од сонце

Пегите на лицето се појавуваат поради преголема изложеност на УВ зраците.Темните дамки на лицето можат да се појават и поради други причини како хормонски промени во организмот кои можат да настанат поради природни нарушувања или поради користење на таблети за контрацепција.Доколку веќе имате темни дамки на лицето и вратот користете сериуми кои се богати со витамин Ц.

Сува кожа

Со текот на годините кожата станува нееластична и сува.Причини за оваа појава има повеќе стресот, пушењето, сончањето, алхоколот и недостаток на колаген и витамин Е  кои придонесуваат да се појават дупки во горниот слој на кожата и во неа да навлезат слободни радикали.Во овој случај пожелно е да се користат креми за хидратација на кожата кои се богати со колаген и витамин Е.

Брчки

Првите бори на лицето се појавуваат околу очните капаци и на вратот. Доколку забележите ситни бори под очите користете серуми за очи.За да спречите понатамошно стареење на кожата на вратот применете некои од следните вежби.

-Држете го вратот исправено доколку седите подгрбавени брадата ја допира клучната коска и се создаваат брчки.

-Ставете ја устата во положба на бакнеж и глумете дека сакате да го бакнете платфонот.Вратот држете го во затегната положба.Повторувајте ја оваа вежба по 20 пати на ден.

Не заборавајте да нанесувате од кремите кои ги користите за лицето и на вратот.Секогаш нанесувајте ги кремите од горе-надоле за да не се појави спуштена кожа на вратот.

Тенка кожа

Со текот на времето може да забележите дека кожата ви е толку тенка што можете да ги звидите сите крвни садови.Ова се случува поради намалување на поткожното ткиво и намалување на колагенот.Недостатокот од влага и калциум, како и штетното влијание на УВ зраците исто ја истенчуваат вашата кожата.Користете сериуми за регенерација на кожата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin