Нега на Кожа

Примената на уреата во козметиката

Уреата се врзува со водата и има широка примена во козметиката затоа што ја навлажнува кожата и спречува сушење.Уреата ја омекнува кожата и ја подобрува нејзината еластичност.Познато е дека го спречува предвременото стареење и ја намалува појавата на брчки кои се појавуваат поради сува кожа.

Уреата поволно делува врз оштетената кожа и ги заздравува раните.Уреата е составен дел од урината која завршува како краен производ во метаболизмот на човекот. Одговорна е во процесот на реапсорпсија на водата и исфрлање на штетните материи од организмот.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Здравата кожа содржи уреа, дехидрираната кожа и кожата која е со детматитис имаат многу малку уреа.Малото количество на уреа води до формирање на груба, иритирана и нееластична кожа.

Влијание на уреата врз кожата:

  • Ја подобрува заштитната бариера на кожата
  • Го забрзува процесот на обновување на кожата
  • Делува како анестетик при воспаление на кожата
  • Помага да се врати и задржи влажноста на кожата
  • Овозможува задржување и впивање на водата

Уреата поради своите благодети се користи во разни козметички производи.Поради хидратантните својства пожелна е во кремовите за лице, раце и за нега на суви и испукани стапала.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin