Нега на Кожа Совети

10 Чекори за намалување на целулитот

Под целулит се подразбираат промените на сврзното и поткожното масно ткиво. Овие промени се видливи со голо око или со притискање на дел од кожата. Целулитот е составен од масти, токсини и вода. Целулитните промени на кожата се манифестираат како дифузни перничиња или ограничени јазли кои настанале поради вишок масти, ослабнато сврзно ткиво, пореметување во циркулацијта и размената на материите ,  а најмногу поради задржување на вода во ткивата.

Целулитот се појавува повеќе кај жените бидејќи имаат послабо сврзно ткиво. Естрогенот е одговорен за насобирањето на масно ткиво на типичните места за целулит и за задржување на течностите.

Совршениот индекс на телесна тежина не е гаранција дека нема да имаме целулит. Целулитот може да се намали доколку сте упорни во негово третирање.

Следете ги следните десет совети за намалување на целулитот:

1.  Внесувајте доволно течности

Најдобро е да се пие обична вода. Водата ја подобрува размената на материите и ги остранува токсините од телото. Пијте барем 2 литри вода дневно, но избегнувајте течности непосредно после јадење. Најдобро е да внесувате течности 2 часа после оброк или 1 час пред оброк.

2.  Јадете здрава храна

Јадете зеленчук и овошје, бидејќи содржат многу витамини и минерали кои се неопходни за создавање и зајакнување на сврзното ткиво. Во исхраната вклучете месо со помал процент на масти како пилешко и риба, интегрални житарки и варени јајца.

3.  Избегнувајте нездрава храна

За да се ослободите од целулитот треба да ја избегнувате храната  која содржи конзерванси, вештачки додатоци, шеќер, сол, алхокол, кафе, цигари и млечни производи.

4.  Редовно чистете го организмот од токсини

Излачувањето на токсините преку урината го поттикнуваат некои билни чаеви како копирвата. Доколку имате констипација консумирајте суви сливи, ленено семе, каша од зоб и пченични никулци.

5.  Правете вежби кои помагаат против целулит

Активираните мускули буквално го пеглаат целулитот. Пливањето се смета за идеална вежба за превенција од целулит. Практикувајте да бидете физички активни барем 30 минути во текот на денот.

6.  Правете си третмани додека се туширате

Додека се туширате порите на кожата се отвораат и се поттикнува циркулацијата . Направете си антицелулитен пилинг кој ќе го нанесете со нежна масажа  додека се туширате. На тој начин ќе го елеминирате вишокот на течности од организмот.

7.  Масирајте се

Рачната масажа и благото штипкање ја поттикнуваат лимфната дренажа и го стимулираат процесот на излачување на вода. Масирајте се секојдневно барем по десет минути, но внимателно прекумерената употреба на сила ќе создаде модринки.

8.  Обезбедете му кислород на организмот

Најдобро е да поминувате повеќе време во природа. Шетајќи низ природа освен што ќе го обезбедите  организмот со кислород, ќе ги активирате сите мускули и ќе поттикнете потење. Со потењето се исфрлаат токсините.

9.  Користете антицелулитен крем на база со масло од афион. Афионот придонесува за намалување на целулитот.

10.  Одвоете си време само за Вас

Целулитот може да се појави како резултат на стресниот начин на живот.  Одвоете си време за себе и правете нешто што Ве релаксира и опушта. Одберете си хоби и практикувајте го истото барем еден час дневно.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin