Нега на коса,кожа и нокти

НЕКОЛКУ СОВЕТИ КАКО ДА ГИ ЗАЦВРСТИТЕ ВАШИТЕ НОКТИ

Секоја жена мечтае и посакува убави,цврсти и сјајни нокти.За да се постигне тој ефект потребно е да потрошите малку време и добро да се потрудите во грижата околу нив.

Поради тоа ние ви нудиме неколку совети,кои доколку ги примените, вашите нокти ќе изгледаат здраво,цврсто и убаво.

1.Одберете здрава исхрана-внесувајте хранливи продукти богати со витамини А,Б,Ц и Е.  Исто така внесувајте храна богата со протеини како што е гравот, рибата и оревите.

2. Дозволете им на вашите нокти да се одморат од сите тие лакови кои често ги ставате, и нанесете им само обичен сјаен лак без боја. Постојаното лакирање на ноктите во разни бои може да предизвика пожолтување, а по некое време, дури и ослабнување на структурата на ноктите.

3.Користете базен лак за нокти кој е одличен за потхранување на ноктената плоча.Практикувајте да го нанесувате пред секој маникир.

4. Избегнувајте отстранувачи на лак кои содржат ацетон.Доколку сакате здрави и цврсти нокти, не употребувајте ги  вообичаените отстранувачи на лакови кои содржат ацетон повеќе од два пати во месецот,потрудете се да најдете соодветна алтернатива за нив.

5.Користете хранливи масла за нокти-помеѓу лакирањата на ноктите потрудете се да одвоите малку време за да ги намачкате  со некое хранливо масло.Во нивната нега можете да користите рицинусово,маслиново и арганово масло кои се навистина одлични.Покрај маслата можете да користите и нежни креми за раце со кои дополнително ќе придонесете во заштитата на кутикулите на ноктите.

Др. Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *