Мајки и Деца Органска Козметика

Зошто да користете органска козметика за Вашето бебе?

Кожата на новороденчињата е нежна и чувствителна на синтетичките состојки  кои се употребуваат во производство на козметичките производи. Епидермисот е многу тенок и лесно пропустлив, поради што потенцијално штетни состојки може лесно да продрат во кожата на бебето.  Конзервансите, синтетичките парфеми, ароми и други хемиски супстанции од вештачко потекло кои се апсорбираат преку кожата можат да предизвикаат алергии и одредени заболувања.  Од  тие причини кожата на бебињата и малите деца бара посебно внимание и нега и многу е важно да користите органска козметика уште од првиот ден. Треба да се изберат шампони и гелови кои ќе го одржат биолошкиот баланс на нежниот скалп и тело и ќе иовозможат на бебешката кожа да дише.

Органската козметика содржи природни, состојки добиени со контролирано органско производство кои овозможуваат правилна нега на Вашето бебе.

Потрошувачите обично природната козметика ја поврзуваат со билки, но важно е да се знае дека, таа може да содржи и минерални состојки (титанов диоксид, бизмут оксилхлорид..) и состојки од животинско потекло како што се пчелин восок, ланолин од овча волна, екстрат од свила и слично.

Во органска козметика спаѓаат производи кои содржат природни, органски одгледани состојки кои се карактеризираат со отсутство на адитиви, синтетички екстрати, бои, мириси и конзерванси.

За Вашето најмило секогаш користете сертифицирана органска козметика.

Одберете ја Corina de Farme Baby Organic колекцијата која е наменета за нежно чистење на бебешката кожа уште од самото раѓање. Оваа колекција без алкохол, конзерванси, сулфати и  парфем можете да ја најдете во аптеките на Зегин.

Органската детска козметика од колекцијата на  Corina de Farme Baby Organic  е наменета за  третман на нежната бебешката кожа уште од самото раѓање. Во својот состав содржи 97%  природни состојки , од кои 10 % се од органско потекло.

Побарајте ги нашите производи и уверете се во нивниот квалитет.

Во соработка со природата, до весели и безгрижни детски насмевки!

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin