Органска Козметика

Матичен млеч-богатство од природата

Матичниот млеч е најскапоцениот подарок од пчелната кошница.Тој е густа непроѕирна материја со кремастобела до сивкаста боја со специфичен мирис, кисел вкус и сладок привкус која младите пчели работнички ја лачат од хипофарангеалните и мандибуларните жлезди.

Матичниот млеч е мултивитамински производ со многу позитивни ефекти врз здравјето на човекот.Содржи многу хранливи елементи

Витамини

Матичниот млеч содржи витамини ( анеурин Б1, рибофлавин Б2, придоксин Б6, цијанокобаламин Б12, биотин витамин Н, инозитол, фолна киселина, витамин Б9, токоферол, витамин Е).Оваа чудотрворна течност содржи пантотенска киселина најмногу од сите досега познати суптанции од растително и животинско потекло. Овој витамин Б5 е важен за продолжување на животот, за растење и влијае врз функцијата на ендокриниот систем на човекот.

Протеини

Во матичниот млеч има големе количина на протеини 25-45% кои му се неопходни на човекот.Содржи 17 аминокиселини од кои осум се есецијални валин, леуцин, изолеуцин, треонин, метионин, фенилаланин, триптофан и лизин.Протеините имаат важна улога при формирање на мускулната маса и помагаат при слабеење.

Минерали

Од минерали матичниот млеч  содржи калциум, бакар, железо, фосфор, олово, силициум, сулфур, магнезиум, манган, никел и хром.Калциум е важен за телото за развој и зацврстување на коските и забите, помага и при зацврстување на крвните садови и ја подобрува циркулацијата на крвта и работата на срцето.

Киселини

Киселината која се наоѓа во најголема количина се нарекува 10-хидроксид-делта-2деценска. Оваа киселина има антимикробни, антибиотични и антифунгални ефекти. Исто така помага да се зачува самиот матичен млеч.

10HDA е уникатна масна киселина која ја има само во матичниот млеч.

Матичниот млеч помага при:

– Јакнење на имунитетот;

– Има антибактериско дејство;

– Болести на бубрезите, срцето, панкреасот и црниот дроб;

– Здрава кожа(помага при обновување на оштетените клетки и регенерација на истите па затоа има голема примена во козметиката);

– Енергија и виталност, лечење на рани, првенција од рак;

– Ја зголемува плодноста и помага при менопауза и ги ублажува постменструалните симптоми;

– Го зајакнува нервниот систем, ја стимулира работата на жлездите со внатрешно лачење и помага при остеопорозата;

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin