Нега и убавина Нега на Кожа Совети

Совети за побезболна депилација

Депилацијата е најраспостранет начин за остранување на непосакуваните влакна од телото. Депилацијата е болна, но помага да се ослободите од несаканите влакна во текот на 2 до 6 седмици.

Интензитетот на болката зависи од тоа кој дел од телото се депилира. Ви нудиме неколку совети кои можат да Ви помогнат да ја намалите болктаа при депилацијата:

  • Никогаш не се депилирајте пред и за време на менструацијата. Во овој период кожата е почувствителна, па болката може да биде поголема;
  • Депилирајте се само доколку должината на влакненцата е околу 6 мм. Нема да можете успешно да ги остранете од коренот доколку се пократки од 6 мм,  а  ако се подолги болката ќе биде поголема;
  • Истуширајте се со топла вода пред депилацијата. Топлата вода ги отвора порите на кожата и влакненцата ќе излегуваат полесно;
  •  Кога се користат помали ленти болката е помала бидејќи делува на помала површина;
  •  Користете техники за опуштање како длабоко дишење. Многу жени се напнати при депилацијата во исчекување на болката, на тој начин се стега телото и болката е поголема;
  • Пo  повлекување на лентата,  притиснете го местото. Веднаш откако ќе ја повлечете лентата , со палецот или со целата дланка притиснете го месото  кое сте го издепилирале за да ја намалите болката;
  • Ставете мраз на нестото кое сте го издепилирале. На тој начин ќе го намалите црвенилото и ќе го остраните непријатното чувство кое се јавува после депилацијата;
  • Доколку сте во можност употребувајте ленти и восок кои содржат екстрати од алое вера и орхидеја. Орхидејата ги намалува воспалителните процеси и спречува појава на рани. Алое вера го прави процесот на депилација попријатен;
  • Не се туширајте веднаш после депилацијата бидејќи ќе ја иритирате кожата. Немојте да влегувате во море, езеро или река бидејќи може да се појави црвенило и ранички;
  • Не носете тесна облека после депилацијата. Триењето дополнително ќе ја воспали и иритира кожата;
  • Не се сончајте после депилација. Ултравиолетовите зраци ја прават кожата почувствителна;

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin