Здравје

Активниот јаглен и неговите ефекти врз здравјето

Активниот јаглен се произведува од материјали  кои се густо јаглеродни ( лушпи од кокос, дрво, јаглен, ореви и тресет) кои се активирани со користење на гасови (аргон или азот)  или хемикалии, а потоа се изложени на високи температури.

Активниот јаглен е со црна боја без мирис и вкус со ситни пори на површината кои се врзуваат со токсините и хемикалиите. Оваа површина има негативен полнеж и ги привлекува позитивно наелектризираните гасови и токсини а потоа заедно се исфрлаат од телото. Се проценува дека активниот јаглен може да ја намали апсорпцијата на тоскините до 60%.

Еве пет придобивки од користењето на активен  јаглен:

Помага при акутно труење и/или предозирање

Во некои случаи кога се користи со други третмани, активниот јаглен може да биде ефикасен начин да се ослободи телото од одредени хемикалии и токсини. Но активниот јаглен не го земајте на своjа рака, доколку имате труење лекарот ќе ви ја одреди терапијата.

Помага при гасови и надуеност

Таблетите со активен јаглен можат да се користат за ублажување на гасови и подуеност. Факторите кои произведуваат гас во храната се врзуваат со јаглен и можат да обезбедат олеснување од симптомите на надуеност и абдомални гасови.

Овозможува детокс на организмот

Д-р Џош Акс тврди дека активниот јаглен може да помогне во одржувањето на здравиот дигресивен тракт, бидејќи може да ги острани токсините од животната средина кои можат да предизвикаат алергиски реакции и да имаат негативно влијание врз функцијата на имунолошкиот систем.

Го намалува холестеролот

Една студија во германското списание Лансет докажа дека лицата кои користат јаглен имаат низок холестерол. Истражувањето трело четири недели, а испитаниците кои земале по три дози од 8 грама активен јаглен имале просечен пад од 25% во вкупниот холестерол и 41% на лош холестерол.

Избелување на забите

Активниот јаглен помага при избелување на темни дамки од кафе, вино и цигари. Помага и при болести на непцата и лош здив. За оваа намена нанесете јаглен во прав на вашата четка за заби. Не би требало да ги избелувате забите со јаглен повеќе од два пати во текот на неделата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin