Здравје

БАЗОЦЕЛУЛАРЕН КАРЦИНОМ

Базоцелуларниот карцином е малигнен тумор на кожата,најчесто се јавува после 50 годишна возраст и е многу почест кај луѓето од белата раса. Предилекционо место за јавување на карциномот е лицето. Во 80% од случаите се локализирани на горните 2/3 тини од лицето.
 На прво место се лезиите на носот, образите, очните капаци, слепоочниците.

ПРИЧИНИ ЗА НЕГОВА ПОЈАВА

1.Генетски фактори

2.Атрофични лузни

3.Лузни од изгореници

4.Дејство на ултравиолетово зрачење врз кожата

СИМПТОМИ

– Клиничката слика и биолошкото однесување на базоцелуларниот карцином на кожата може да биде најразлично. Тој може клинички да се манифестира како:

  • мало, сјајно, тврдо, речиси прозирно јазолче,
  • улцерирана, препокриена со хеморагична  краста лезија,
  • мазна, во вид на лузна индурирана (тврда) плака или
  • лезии што е тешко да се разграничат од псоријаза или локализиран дерматит.

ТЕРАПИЈА

-Во изборот на терапија од прв ред ни се хируршките методи и зрачењето.
Кој метод ќе се употреби ависи од повеќе фактори :
* големината и локализацијата на туморот.
* хистолошкиот тип на туморот.
* возраста на пациентот
* Неговата општа состојба.

        Кај поголемите тумори, неопходна е пластична реконструкција.  Радиотерапијата е исто ефикасен начин на лекување кој се употребува кај стари и изнемоштени лица.  Може да се дадат и локални цитостатици – кај површинските базоцелуларни карциноми.

Др. Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *