Болки

ДАЛИ И ВАС ВЕ МАЧАТ БОЛКИ ВО ЗГЛОБОВИТЕ?

Болките во зглобовите најчесто се појавуваат како последица на некое воспаление или поради нивна истрошеност.

КОИ СЕ НАЈЧЕСТИ ПРИЧИНИ ЗА НИВНАТА ПОЈАВА?

Спортски повреди

-Тапи повреди кои настануваат како резултат на паѓање и удари

СИМТОМИ

Постојана болка во пределот на зглобовите

-Зголемување на интензитетот на болката при изложување  на ладно и физичко оптеретување

-Чуство на крцкање и чкрипење при движење

ЛЕКУВАЊЕ

Кога станува збор за болки во зглобовите покрај лековите кои се користат за намалување на болката,дополнително се користат и суплементи кои се исто многу важни за решавање на оваа состојба.Суплементите не се лекови, ниту медицински средства кои се земаат исклучиво по препорака на лекар, туку се средства кои се класифицирани како додатоци на исхраната и се во слободна продажба. Постојат најразлични препарати под различни трговски имиња, а основните состојки кои треба да ги содржат се глукозамин, хондроитин сулфат и метилсулфонилметан. Овие соединенија не ги внесуваме преку храната како витамините и минералите и затоа е потребно дополнително да се внесат преку соодветни суплементи.

 Најпрепорачливо е користењето на:

Глукозаминот е основен прекурсор за синтеза на глукозаминогликани кои се основна компонента на р̕скавицата. Примената на ваков препарат го превенира намалувањето на р̕скавицата и ја обновува веќе оштетената.

Хондроитин сулфатот е примарен глукозаминогликан кој го обезбедува отпорот при компресија на р̕скавицата. Често се комбинира со глукозаминот. Клиничките студии покажуваат намалување на болките во зглобовите по секојдневно земање на овој препарат во одредена доза, која се движи од 800 – 1200 милиграми.

Метилсулфонилметанот не е толку истражуван како претходните два, но сепак неговото позитивно дејство е клинички докажано и покрај изолираните случаи на неефикасност.

Меѓу добрите „подмачкувачи˝ на зглобовите спаѓаат и витаминот Ц и омега масните киселини. Можеби ќе се изненадите, но освен што го поткрепува имунитетот, овој витамин е клучен во синтезата на гореспоменатиот колаген. И покрај тоа што комерцијално не се продава како суплемент за зглобови, можете да го консумирате преку свежото овошје и зеленчук.

-Омега масните киселини се познати во превенцијата од срцевите заболувања, но редовното земање ги намалува и воспалителните процеси во зглобовите. Природни извори на омега-3 масните киселини се рибините масла, лосос и слични масни риби.

Др. Љубица Димитревска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *