Болки

КАМЕН ВО БУБРЕГ

Каменњата најчесто се формираат во бубрегот,уретрата и бешиката.Можат да бидат сп различна големина која се движи од микрокристали до големина на компир.

Вистинската причина за нивната појава сеуште не е позната.

Камењата може да не предизвикаат некои значајни проблеми,но предизвикуваат болка.Некои од нив се исфрлуваат во процесот на уринирање,но некои се заглавуваат во уретрата или бубрегот и предизвикуваат долготрајни и интензивни симптоми.

Нивната појава е многу почеста кај мажите со 12%,а кај жените процентот е значително помал и изнесува околу 7%.

Може да се појават во секоја возраст од животот,но најчесто се јавуваат помеѓу 20 и 49 години.

Симптоми:

1.Болка во бубрегот-доколку каменот се заглави во бубрегот предизвикува болка на соодветната страна во абдоменот.

2.Бубрежна колика-силна болка при поминување и заглавување на каменот во уретрата,придружена со мачнина и зголемено потење.

3.Хематурија-присуство на крв во урина

4.Уринарна инфекција која може да биде придружена со треска,зачестено мокрење и болка при мокрење.

Компликации:

-интензивни болки во пределот на слабината

-инфекции

-оштетување на бубрегот

Лекување:

За да се ублажат болните колики најчесто се користи средство за намалување на болка (аналгетик)но неопходно е да се зголеми вносот на течности. Повеќето од камењата се исфрлаат спонтано, а доколку постојат знаци на акутна опструкција, пациентот треба да се упати кон уролог кој ќе направи антероградна нефростомија или перкутна нефролитотомија . Во последниве години, се користи метод на кршење камења со електро-хидраулични бранови. Оваа терапија се покажала успешна во 80% од случаите.

Др. Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *