Здравје

Главоболка

Главоболката е една  од најраспространетите болести, бидејќи ретко да има возрасна личност која никогаш во животот не ја заболела глава. Колку може да биде болна знаат оние кои патат од мигрена или се соочуваат со чести болни епизоди што со себе ја носи т.н кластер главоболка.После тензичната главоболка, тоа е најчеста главоболка со која се соочуваме. Една од причините за појава на главоболка е дехидратација или падот на шеќерот во крвта.

 Тензична главоболка

 Главоболките од тензичен тип се најчести примарни глвоболки што подеднакво ги погодуваат мажите и жените.Не се многу прочуени, но се знае дека се со невробиолошка, а не со психогена основа.

Понекогаш оваа главоболка се рзликува од мигрената, велат невролозите. Ја карактеризира блага до умерена болка од двете страни на глаавата која не пулсира, а која се ќесто влошува кон крајот на денот, но е и при физички активности. Пацијентите се жалат на чуството на притисок или стегање во главата и вратот.Болката не е проследена со мачнини, но може да се јави чуствителност на светлина и на звуци.СПоред лекарите, причина за нивна појава е стресот, секојдневната фрустрација, болести на вратната кичма и зглобовите на лицето, нефизиолочка положба при работа, анксиозност или депресија.

Лекувањето е двојно, со лекови и со суплементи, Освен аналгетици лекарите сугерираат и природно третирање.

Кластер

Епизодите на болка во случај на кластер главоболка траат од неколку минути до неколку часа. Се јавуваат постојано во период од неколку денови, а понекогаш и со недели за да потоа потполно г снема.

Се повторуваат во исто време во годината.Болката почнува секој ден во исто време и по правило е еднострана.Речиси секогаш почнува со регија на окото, кое е црвено и солзи, ддека ноздрата на истата страна е затната или полна со скерет. Болка може да биде локализирана кај слепоочницата или под окото. Многу е силна и се споредува со убод од нож. Лекарите советуваат лицата с ваква главоболка да се обртат на невролог, бидејќи болките можат да бидат како последица на синуси, глауком, анеуризма, проблеми со крвните садови, бенигни тумори во мозкот, метастази на карцином, најчесто кога е примарен е белодробниот  карцином.

Лекувањето го спроведува лекар со кислород, лекови и терапијаза смирување.

Мигрена

Мигренозна главоболка се карактеризира со еднострана болка кај чеклото и слепоочницата која пулсира и се влошува со било какво движење.Болката во почетокот е локализирана, а подоцна се шири. Проследена е со мачнини и повраќање, губење на свест и апетит. И покрај многуте препоставки, се уште не се знае како и зошто доаѓа до мигренозни напади, но се претпоставува дека станува збор за пореметување на ниво на нервните клетки. Одредени студии покажуваат дека внесот на магнезиум може превентивно да влијае на појавата на мигрена.Како бројни фактори за појава на овој тип на главоболка се наведуваат хормонални промени, премногу спиење или недоволен сон, временски промени, гладување..

Лекувањето на мигрената подразбира акутн и превентивна терапија.Препорачливо е лекот да се испие штом се почуствуваат првите знаци на можна главоболка, најдоцна 15 минути од појавата на болката на почетокот е блага.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin