Здравје Совети

Дехидрација и прегреаност на организмот

Високите температури носат ризик од дехидрација

Во текот на летото потребно е да бидете внимателни со изложување на сончеви зраци.  Неадекватното изложување на сонце може да доведе до загревање на организмот. Опасноста од прегревање е поголема доколу истовремено дојде и до дехидрација.

При високи температури телото се лади преку потење, но при температура повисока од 35⁰ С овој механизам не е ефикасен. При зголемена влажност на воздухот  доаѓа до отежнато испарување на пот и побавно ослободување од топлината.  При неадекватен внес на течности организмот брзо дехидрира, доаѓа до дисбаланс на електролити и до дехидрација на организмот.

Ризици од дехидрација и прегреаност на телото:

  • Голема изложеност на висока надворешна температура;
  • Мал внес на течности при висока надворешна температура;
  • Зголемената влажност на воздухот во летните месеци негативно влијае на количината на излачена пот, а тоа директно влијае на внатрешната температура;
  • Зголемена физичка активност при висока надворешна температура може додатно да ја зголеми загубата на течности преку потење и да ја зголеми внатрешната температура што води до топлотен удар;
  • Дијарејата и повраќањето водат до губење на течности што води до дехидрација на организмот и прегреаност на телото;
  • Грозница сама по себе може да предизвика зголемена телесна температура и зголемено потење;
  • Високото ниво на шеќер во крвта влијае на зголемено мокрење и губење на течности.  Пациентите со дијабетес треба да бидат посебно внимателни во текот на летото;
  • Многу лекови (диуретици, антихистаминици, антипсихотици, анти хипертензиви) алкохол влијаат на зачестено мокрење и носат ризик од дехидрација.

Први симптоми на дехидрација и прегреаност на телото

  • Зголемено потење;
  • Влажна и црвена кожа;
  • Жед;
  • Темна урина и намалено производство на урина .Светла урина значи дека сте добро хидрирани;
  • Сува уста;
  • Латергичност, главоболка и вртоглавици;
  • Умор;
  • Мачнини;
  • Низок крвен притисок;
  • Висока температура.

Тешка дехидрација се карактеризира со недостаток на потење, замрзнат поглед, сува кожа, низок крвен притисок, зголемен плус, грозница, дилериум, несвест. Може да се појават и грчеви на мускулите, исцрпеност, дезорентираност, а во најтежок случај и топлотен удар.

Посебно загрозени категории

Најзагрозена категорија од дехидрација и прегреаност на организмот се :бебиња , деца до четири години и  стари лица над 65 години

Симптоми кај деца и бебиња

  • Кај бебиња-загреана фонтанела (мека точка на врот на главата);
  • Сув јазик и уста;
  • Раздразливост;
  • Недостаток на солзи при плачење;
  • Воспалени очи и образи;
  • Изостанување на мокрење три или повеќе часа;

Симптоми на дехидрација и прегреаност на телото кај лица постари од 65 години

  • Гојазни луѓе- Зголемена тенденција на задржување на течности во организмот;
  • Пациенти со хронични болести-хипертензија, дијабетес и психијатриски  болести;

Терапија при прегреаност и дехидрација

  • Потребно е лицето да се однесе на ладно место;
  • Да се соблечи и да се капи со ладна вода или да му се стават ладни облоги;
  • Да се надополни нивото на течности во организмот (вода, бистра супа, енергетски пијалок);
  • Доколку е потребно да се надопoлни нивото на течности интравенски;
  • Доколку постои изразена дехидрација со дополнителни ризици потребно е да се вклучат лекови против диареја,  повраќање и грозница.

Првенција од дехидрација

  • Консумирање на голема количина на течности и намирници кои содржат вода;
  • Избегнувајте да бидете на отворено во најтоплиот дел од денот;
  • Избегнувајте физички активности и вежбање во текот на екстремна топлина;
  • Носете лесна памучна облека со светли бои, како и очила за сонце и шешир со голема покриеност;
  • Избегнувајте пијалаци кои содржат алкохол и кофеин;
  • Заштитете се од изгореници од сонце со користење на препарати за заштита со висок СПФ фактор;
  • Никогаш не ги оставајте децата во автомобилот на високи температури.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin