Дигестивен систем

ЦЕЛИЈАКИЈА

Неподносливост или интолеранција на глутен претставува патолошка состојба на организмот позната уште како Целијакија.Глутенот е белковина присутна во пченица, јачмен, ‘рж и овес како и во производите подготвени со нив. 

Целијачната болест е автоимуно заболување на организмот и се одликува со хроничен тек. Болеста ги зафаќа сите возрасни групи од двата пола, а може да се појави кај доенчиња или пак кај возрасни.

Доколку со храната се внесе глутен, дури и во минимални количини, храната едноставно не се задржува во организмот туку по пат на течни и обилни столици се исфрла, така што ништо од хранливите материи не се задржува во организмот. Кај овие  болни  настанува интензивна реакција на глутен,која доведува до  оштетување на цревните ресичките сместени во слузницата на тенкото црево, со што варењето на храната е оневозможено. Штом глутенот се елиминира од исхраната, ѕидовите на цревата постепено се обновуваат, но луѓето со овој проблем неопходно е цел живот да бидат на исхрана без глутен со цел да се спречи повторното појавување на болеста.

Целијакијата може да се манифестира и како херпетиформен дерматитис  со јадеж и ерупција на везикулозен егзантем во пределот на зглобовите, особено на лактите, колената и на глутеусите.

НАЈЧЕСТИ СИМПТОМИ

Замор

-Течни столици

-Губење на телесна тежина

-Повраќање

Анемија

-Болка во стомакот и подуеност

-Кај деца застој во телесниот раст и задоцнет пубертет

-Болка во мускулите и зглобовите

За жал за оваа болест не постојат лекови,но лицето кое е заболено може нормално да живее се додека строго  се придржува до перманентна безглутенска диета, која вклучува елиминација на пченица, `рж и јачмен и сите продукти кои ги содржат овие житарици. Диетата е доживотна .  Скробните продукти може да соджат минимални количини на глутен. Докажано е дека дел од болните од целијакија можат да користат вакви продукти, но најчувствителните сепак развиваат несакани симптоми.Доколку не се придржуваат, се зголемува ризикот  од остеопороза, неплодност ,пореметување на работата на срцето, ноќно слепило, забавен раст и развој кај децата и  проблеми со централниот и периферниот нервен систем.

Др. Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *