Здравје

ИШИЈАС

Ишијасот претставува болка во грбот која се спушта кон една од двете нозе, познат е уште како Лумбоишијалгија, а настанува со притискање на нервот ишијадикус-најдолгиот нерв во периферниот нервен систем кој се протега од задникот до стапалата.

Најчесто се јавува само на едната страна.

Симптоми

Главен симптом е остра, жаречка болка пропратена со чувство на трнење, слабост, вкочанетост и здрвување. Во најголем дел од случаите се јавува еднострано, односно од половината се спушта по должината на едната нога.

Одредени положби на телото може да влијаат врз интензитетот на болката, па така болката најчесто се зголемува при исправена положба, одење, клекнување или свиткување во половината, додека во лежечка положба, болката делумно се намалува или целосно исчезнува.

Дијагноза и терапија

Во зависност од симптомите и лекарскиот преглед, може да се постави дијагноза, а потоа да се определи терапија:

1.Фармаколошка терапија: антиинфламаторни лекови и аналгетици, лекови за опуштање на мускулите, а понекогаш и кортикостероиди.

2.Во некои случаи, неопходно е, после смирување на болките и воспаленијата, да биде вклучена и физикална терапија, или пак дополнителна дијагностика како електомиографија (ЕМГ), која ќе покаже во колкав степен е оштетен коренот на нервот..

3.Оперативен зафат ретко се препорачува, освен кога веќе болките се неподносливи и кога притисокот на нервот предизвикува паѓање на стапалата и нарушено празнење на мочниот меур и цревата.

4. Поставување на ладни или топли облоги. Ставете ладна или топла облога на болната регија и оставете да делува околу 20 минути. Повторувајте ја постапката околу 2 часа. Луѓето кои страдаат од ишијас најчесто користат ладни облоги, иако кај дел од нив топлите облоги постигнуваат подобри резултати при справување со болката. Затоа експериментирајте и проверете кој тип на облога ќе ви помогне повеќе.

Како да ја спречите појавата на ишијас?

За да се намали ризикот од појавата на ишијас и болка, потребно е:

лежење и спиење на тврд душек на страна и со перница помеѓу колената;

при седење потребно е максимална исправеност на ’рбетот;

при стоење тежината рамномерно тежината да биде распределена на двете нозе;

здрава исхрана;

физичка активност.

Др-Љубица Димитриевска

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin