Лековити Билки Органска Храна

Аронија-лек за многу болести!

Аронијата е шумско овошје кое расте до 2 метри височина. Нејзините плодови се ситни, мали, темносини бобинки, собрани во гроздови од по 10-15 бобинки.Таа има специфичен, кисел вкус кој ја собира устата. Времето на созревањето е кон крајот на август и септември, а бобинките можат да останат свежи на дрвото и до два месеци по созревањето.
Аронијата се нарекува и храна на иднината затоа што има исклучително лековито дејство за човековиот организам.Зрелите бобинки содржат големо количество на биофеноли, танин, флавонид, антоцијани, витамин А, витамин, Ц, витамин П, витамин Б9, витамин Б2, витамин Б6, витамин Е, калциум, калај, железо, манган, јод и фосфор. Со еден збор витаминска бомба која се бори против слободните радикали, па затоа е корисна во превенција со малигните заболувања.Научно е докажано дека ги напаѓа клетките на туморот на белите дробови, дебело црево, дојка и црн дроб.
Оваа билка со темни бобинки ја подобрува циркулацијата на крвта, го намалува холестеролот, триглицеридите, мигрените, крвниот притисок и позитивно делува врз цревната сулзокожа и желудникот.Успешно се бори против ешерихија коли, го спречува развојот на бактериските инфекции на уринарниот тракт и оовозможува подобра работа на жолчката и црниот дроб.
Аронијата содржи многу бета каротен и зеаксатин кои ги заштитуваат клеките од оштетување, а кожата од опасните сончеви зраци.Корисна е за регулирање на дијабетесот, го потхранува мозокот и помага при неправилна работа на тироидната жлезда.
Аронијата може да се консумира свежа, замрзната и во вид на сок или сируп. Дневно може да се јадат околу 10 бобинки.Сокот и сирупот од аронија се најефикасен лек против анемијата.

LEAVE A RESPONSE

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Follow by Email
Facebook
Facebook
WordPress Video Lightbox Plugin